Мала Баланица
Пештерата Мала Баланица е палеоантрополошко и археолошко наоѓалиште во југоисточна Србија во близина на Ниш. Во неа во 2009 година била откриена делумно зачувана вилица на хоминин , која се смета за доказ за присуството на Хајделбершкиот човекот во Европа во текот на средниот плеистоцен.[1][2]
Мала Баланица | |
---|---|
Сиќевачка Клисура | |
Место | Сиќево, Србија |
Должина | 25 |
Надм. височина | 332 |
Опис на пештерата
уредиМала Баланица е долга 25 метри, широка 8 метри и висока 2,80 метри. Се наоѓа на 332 метри надморска височина, односно околу 100 метри над сегашниот тек на реката Нишава, на јужната падина на Сврљишката Планина во близина на излезот од Сиќевачката Клисура. Карпите во кои се наоѓа пештерата се стари од јура и креда, а нејзиното дно е исполнето со неколку различни слоеви кои се состојат од варовник, чакал, глина и песок.
Од влезот во пештерата се пружа поглед на југозападниот дел на клисурата. Во непосредна близина е отворот на пештерата Велика Баланица, која со Мала Баланица гради заеднички пештерски комплекс.[1]
Археолошки ископувања
уредиОд 2005 година пештерата е достапна за научни истражувања. Во текот на истражувачките ископувања во западниот дел на пештерата пронајдено е мустеријанско камено орудие од средниот палеолит. Во следните четири години биле пронајдено камено орудие на длабочина до 30 см.[1]
Во истиот слој во кој биле откриени среднопалеолитски артефакти пронајдени се остатоци од јаглен и животински коски и заби, вклучувајќи остатоци од волци, диви мачки, кафеави мечки, црвени лисици, пештерски хиени, елени, срна, дивокоза, дабари и шумски глувци.
Фосил БХ-1
уредиФосилната вилица БХ-1 (Баланица хоминин 1) е откриена на 1,5 метар под моменталниот пештерски под. Понатамошни докази на човечки активности не можат да се детектираат во овој слој, што може да биде последица на релативно мало набљудувано подрачје.
БХ-1 претставува 6,7 сантиметри долг фрагмент од долна вилица. Врз основа на анализата на вилицата може да се заклучи дека припаѓала на возрасен и релативно млад човек, додека нејзиниот пол не може да се утврди. Сепак, недвосмислено може да се каже дека се работи за поединец од родот Хомо. Отпрвин се сметало дека вилицата е стара помеѓу 200 и 300 илјади години. Меѓутоа, во 2013 година, со помош на три техники, било утврдено дека фосилот е стар најмалку 397.000 години и дека најверојатно е постар од 525.000 години, така што пронајдената вилица спаѓа меѓу најстарите европски фосили на средноплеистоценски хоминиди.[2]
Во тоа време, човечките предци во Западна Европа почнале да попримаат неандерталски карактеристикипоради тоа што западноевропските популации во глацијалните периоди биле изолирани. Од друга страна, на подрачјето на денешното Егејско Море постоела широка копнена врска помеѓу Балканскиот Полуостров и Мала Азија, преку која поминале миграциите на првите луѓе. Поради проникнување на населението не дошло до појава на специјализирани видови кои биле карактеристични за одреден регион, така што на еволуцијата на човекот во Југоисточна Европа во значителна мера влијаеле популационите движења.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Mirjana Roksandic et al.: A human mandible (BH-1) from the Pleistocene deposits of Mala Balanica cave (Sićevo Gorge, Niš, Serbia). In: Journal of Human Evolution. Band 61, Nr. 2, 2011, S. 186–196, doi:10.1016/j.jhevol.2011.03.003,
- ↑ 2,0 2,1 William J. Rink et al.: New Radiometric Ages for the BH-1 Hominin from Balanica (Serbia): Implications for Understanding the Role of the Balkans in Middle Pleistocene Human Evolution. In: PLoS ONE. Band 8, Nr. 2: e54608, doi:10.1371/journal.pone.0054608
- ↑ „Tajne fosila u Maloj Balanici“. Večernje Novosti. Tanjug.