Максим IV Цариградски
Максим IV (грчки: Μάξιμος Δ΄), претходно познат како Манасиј (грчки: Μανασσής), бил православен христијански монарх и епископ. Тој бил Вселенски патријарх од 1491 до 1497.
Максим IV | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Назначен | почетокот на 1491 |
Службата завршила | почетокот на 1497 |
Претходник | Дионисиј I |
Наследник | Нифонт II |
Лични податоци | |
Претх. служба | Митрополит на Сер |
Живот
уредиТој бил игумен на манастирот „Ватопед“ на планината Света Гора пред да биде назначен од патријархот Симеон I Цариградски како митрополит на Сер, град со кој управувал под религиозното име „Манасиј“.
Првите месеци од 1491 тој бил избран за цариградски патријарх со поддршка од монасите на Света Гора.[1]:198 При неговото избирање тој го променил своето име во „Максим“, сигурен случај во историјата на Вселенската патријаршија[2] бидејќи вообичаено се поседува монашко име во текот на црковната кариера. Како патријарх тој ги бранел правата на православните христијани кои живееле на териотриите кои припаѓале на Венецијанската Република.[3]
За време на неговото владеење излегле муабети во врска со него, од непознат извор, кои резултирале со негово губење на престолот во почетокот на 1497 година.[4]
По неговата оставка тој останал активно вклучен во црковните прашања, дури и покренувајќи заговор против неговиот наследник, патријархот Нифонт II, сè до тогаш кога бил присилен да се пензионира во манастирот Ватопед, каде починал на непознат датум.[5]
Белешки
уреди- ↑ Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 198. ISBN 978-0-521-31310-0.
- ↑ Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37,46. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ Haldon, John (2008). The Oxford Handbook of Byzantine Studies. Oxford Oxfordshire: Oxford University Press. стр. 36. ISBN 978-0-19-925246-6.
- ↑ B.G.Niebuhr, I.Bekker, уред. (1849) [1584]. „Historia Politica et Patriarchica Constantinopoleos“. Corpus scriptorum historiae byzantinae, Volume 49. Bonn. стр. 133–4.(латински)
- ↑ „Maximos IV“. Ecumenical Patriarchate. Посетено на 15 August 2011.
Надворешни врски
уреди- Historia politica et patriarchica Constantinopoleos, Cap XII: P. Maximus, (trans. Martin Crusius, 1584) Primary source. (грчки) and (латински)