Македонски полициски синдикат
Македонскиот полициски синдикат е претставничка синдикална организација на вработените во Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разузнавање. Претседател на МПС од 2017 година е Ацо Антовски.
Основана | 29 мај 1992 г. |
---|---|
Седиште | Ул. „Мирче Ацев“, бр. 4, Скопје, Македонија |
Претседател | Ацо Антовски |
Мреж. место | www.mps.mk |
Историја
уредиГодина дена по осамостојувањето на Република Македонија, на 29 мај 1992 година е одржано основачкото собрание на синдикатот. Првичното име на синдикатот било „Независен синдикат на вработените во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“, но по барање на членовите истото се променило во денешното име.
На 28 декември 1994 година синдикатот е примен како рамноправен член во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија. Тој е првиот синдикат во независна Македонија кој се здобил со статус на претставнички синдикат.