Македонец (филм)

полски филм

Македонец (полски: Macedończyk) — полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија. Филмот е снимен од режисерот Петро Алексовски, син на главниот лик во филмот „Македонец“. Бил финансиран од Полскиот филмски институт.

„Македонец“
Плакат на филмот „Македонец“
РежисерПетро Алексовски
ПродуцентПетро Алексовски
Барбара Алексовска
СценаристПетро Алексовски
Жанрдокументарен
МузикаСинтезис
МонтажаМирослав Шевчик
Премиера2013
Времетраење46 мин.
Земја Полска

Снимен е по повод 65-годишнината од пристигнувањето на децата-бегалци во земјите од Источна Европа. Премиерно бил прикажан на 31 мај 2014 година на филмскиот фестивал во Краков.[1]

Синопсис

уреди

Во 1948 година кога започнува Граѓанската војна во Грција, грчката комунистичка партија испратила барање до социјалистичките европски земји да прифатат деца-бегалци од воените подрачја на Грција и да им дадат нов дом. 3.500 деца завршиле во Полска, од кои половината биле Македонци од Егејска Македонија. Помеѓу нив бил и малиот Мито Клавчов.

Филмот „Македонец“ е посветен на околу 1.750 деца на кои Грција им ги затвора своите граници и денес и не им дозволува да влезат на нејзина територија поради нивните македонски корени. Грција донела низа закони со кои им ги укинала нивните државјанство и ги протерала со што не смеат да се вратат во татковината.

Спречен од можноста за враќање дома, главниот лик во филмот, населен во северна Полска, каде и живее, го праќа неговиот син да го најде гробот на татко му.

Награди

уреди
  • Награда за најдобар филм, Гдањски фестивал за документарни филмови

Наводи

уреди
  1. „Проекција на филмот,,Македонец" во Прага“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. 7 декември 2014. Посетено на 4 април 2016.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди