Маи Масри
Маи Масри (арапски: مي المصري; родена на 2 април 1959) — палестинска режисерка која се школувала во САД, и која режирала 9 филмови.[1]
Маи Масри | |
---|---|
مي المصري | |
Роден(а) | 2 април 1959 Аман, Јордан |
Животопис
уредиМаи е родена на 2 април 1959 година во Аман, Јордан.[2] Ќерка е на Муниб Масри од Наблус и на Американка од Тексас. Пораснала во Бејрут, каде го поминала поголемиот дел од својот живот. Дипломирала на Државниот универзитет во Сан Франциско, во 1981 година. Набрзо потоа се вратила во Бејрут и ја започнала својата филмска кариера.
Маи Масри го запознала својот сопруг, либанскиот режисер, Жан Шамун, во 1982 година. Режирале неколку филмови заедно. Се венчале во 1986 година, и имаат две ќерки, Нур и Хана. Нур е дизајнер, а Хана е глумица во Њујорк. Маи живеела во близина на палестинскиот камп за бегалци во близина на Бејрут, кога либанската паравоена трупа извршила масакр во 1982 година.[3]
Дела
уреди- Филмографија
Филмовите на Маи Масри тематски се фокусираат на Палестина и Блискиот Исток. Има добиено награди за своите филмови на филмските фестивали ширум светот.
- Under the Rubble (1983) (Под урнатините)
- Wild Flowers: Women of South Lebanon (1986) (Диво цвеќе: Жените од Јужен Либан)
- War Generation (1989) (Воена генерација)
- Children of Fire (1990) (Деца на огнот)
- Suspended Dreams (1992) (Одложени сништа)
- Hanan Ashrawi: A Woman of Her Time (1995) (Ханан Ашрави: Жена од своето време)
- Children of Shatila (1998) (Децата од Шатила)
- Frontiers of Dreams and Fears (2001) (Границите на сништата и стравовите)
- Beirut Diaries (2006) (Бејрутски дневници)
- 33 Days (2007) (33 дена)
- 3000 Nights (2015) (3000 ноќи)
Наводи
уреди- ↑ „Mai Masri“. IMDb.
- ↑ Hillauer, Rebecca (2005). „Masri, Mai (1959–)“. Encyclopedia of Arab Women Filmmakers. Cairo: American Univ. in Cairo Press. стр. 223–235. ISBN 977-424-943-7.
- ↑ Padgaonkar, Latika (2011). „Director profile: Mai Masri“. Wide Screen. 3 (1). ISSN 1757-3920. Архивирано од изворникот на 2013-04-07. Посетено на 3 July 2012.