Мадона со каранфил
Мадона со каранфил, наречена и Мадона со вазна или Мадона со Младенецот — слика на Леонардо да Винчи, создадена помеѓу 1478 и 1480 година. Од 1889 година се наоѓа во музејот Стара пинакотека,[1] а дотогаш била во приватна сопственост.
италијански: Madonna del Garofano | |
Творец | Леонардо да Винчи |
---|---|
Година | 1478–1480 |
Димензии | 62 см × 47,5 см |
Место | Стара пинакотека, Минхен |
Опис
уредиЦентралниот мотив е младата Дева Марија со своето голо бебе Исус во скутот. Марија седи и носи скапоцен накит. Во левата рака држи каранфил, што се толкува како симбол на исцелување. Лицата се осветлени додека предметите наоколу се потемни, на пример, каранфилот е во сенка. Младенецот гледа нагоре, додека мајката гледа надолу, така што нема контакт со очите. Портретот е сместен во просторија со два прозорци од секоја страна на централните фигури, на кои, со карактеристичната техника на Да Винчи - сфумато, е прикажан оддалечен предел.
Првично се мислело дека оваа слика ја насликал Андреа дел Верокио, но подоцна историчарите на уметност утврдиле дека сепак е дело на Да Винчи.
Мадона и Младенецот се вообичаен мотив во средновековната христијанска уметност. Оваа слика е единственото дело на Леонардо кое е постојано изложено во Германија.
Наводи
уреди- ↑ Room IV ("Italian Renaissance paintings"), Inventory No. 7779
Надворешни врски
уреди- Леонардо да Винчи, Анатомски цртежи, изложбен каталог кој содржи материјал за Мадона со каранфилот