Магнетен облак
Магнетниот облак е краткотраен настан кој се забележува кај сончевиот ветер. Во 1981 година Бурлага го дефинирал како регион со зголемена јачина на магнетно поле, глатка ротација на векторот на магнетното поле и ниска температура на протонот.[1] Магнетните облаци може да се појават при исфрлањето на коронална маса. Бурлага во 1982 година ја поврзал појавата на исфрлање на коронална маса со магнетните облаци кога од Хелиос-1 забележал магнетен облак два дена пред тој да биде забележан од СММ.[2] Но, затоа што набљудувањата во близина на Земјата обично се вршеле со едно вселенско летало, не можела да се воочи поврзаноста на коронални исфралања на маса со магнетните облаци. Структурата на брзите коронални исфрлања, забележана од сателит како што е ACE, била брз ударен бран проследен со густа (и топла) обвивка од плазма и магнетен облак.
Други одлики
уредиДенес, покрај погоре опишаниот, на магнетни облаци му се придодаваат и други одлики како: двонасочни супертермални електрони, невообичаена состојба на полнење и изобилство на железо, хелиум, јаглерод и/или кислород .
Времето за кое еден магнетен облак поминува покрај сателит во точката L1 е 1 ден што одговара на полупречник од 0,15 ае со типична брзина од 450 км/ѕ и јачина на магнетното поле од 20 nT.[3]
Други видови на исфрлање забележани на Земјата
уредиЕдна третина од сите Сончевите исфрлања забележани од сателитите на Земјата се магнетни облаци. Други видови на исфрлање се појавите на повеќекратни магнетни облаци (една целина во која има повеќе подоблаци)[4][5] и сложени исфрлања, кои можат да бидат резултат на меѓусебното дејство на повеќе коронални исфрлања.
Поврзано
уреди- Список на сончеви бури
- Коронален облак
- Меѓупланетарно магнетно поле (ММФ) и магнетно поле на Земјата (магнетосфера)
- Вселенско време и хелиофизика
Наводи
уреди- ↑ Burlaga, L. F., E. Sittler, F. Mariani, and R. Schwenn, "Magnetic loop behind an interplanetary shock: Voyager, Helios and IMP-8 observations" in "Journal of Geophysical Research", 86, 6673, 1981
- ↑ Burlaga, L. F. et al., "A magnetic cloud and a coronal mass ejection" in "Geophysical Research Letter"s, 9, 1317-1320, 1982
- ↑ Lepping, R. P. et al. "Magnetic field structure of interplanetary magnetic clouds at 1 ае" in "Journal of Geophysical Research", 95, 11957-11965, 1990
- ↑ Wang, Y. M., et al., Multiple magnetic clouds in interplanetary space, Solar Physics, 211, 333-344, 2002.
- ↑ Wang, Y. M., et al., Multiple magnetic clouds: Several examples during March - April, 2001, J. Geophys. Res., 108(A10), 1370, 2003.