Протуберанција
Протуберанција — голема, светла, гасовита целина која се издолжува кон надворешниот дел од површината на Сонцето, често во формата на короналниот циклус. Протуберанцијата е зацврстена за површината на Сонцето во фотосферата, и се истегнува нандвор кон Сончевата корона.Додека короната се состои од екстремно жешки јонизирани гасови, познати како плазма, кои не емитуваат многу од видливата светлина, протуберанцијата содржи многу поладна плазма, слична во составот со таа во хромосферата.Плазмата во протуберанцијата е најчесто стотици пати поладна и погуста од короналната плазма. Протуберанцијата се образува во текот на еден ден,а може да издржи во короната неколку недели или месеци.Некои протуберанции се распаѓаат и тогаш можат да создадат исфрлање на масата од короната.Научниците проучуваат како и зошто протуберанциите се формираат.
Протуберанцијата се формира во текот на еден ден,а може да издржи во короната неколку недели или месеци,разделувајќи и одврзувајќи се илјадници милји во вселената.
Материјалот кој свети во црвена боја е плазма,топол гас кој се состои од електрично наполнети водород и хелиум. Протуберанцијата се разлева низ заплеткани и искривени структури во магнетните полиња генерирани од сончевата внатрешна сила.Ерупција на протуберанцијата се случува кога таквата структура станува нестабилна и експлодира однадвор,ослободувајќи ја плазмата.
просечната протуберанциија се протега неколку илјадници километри, најголемата досега измерена и предвидена протуберанциија имала должина од 800.000 км[1] – грубо колку полупречникот на Сонцето.
Историски
уредиПрвиот детализиран опис на сончевата протуберанција бил во 14-ти векКодексот на Лаурентиан,кој ја опишувал затемнувањето на Сонцето на 1 мај 1185 г. Тие биле опишани како "пламени јазици на живата искра".[2][3]
Протуберанција и филаменти
уредиКога протуберанцијата е набљудувана од различни перспективи така што е насочена спроти Сонцето,а не наспроти вселената,изгледа потемна отколку околината која ја опкружува.Ваквото формирање е наречено сончев филамент.[1] Веројатно е проектирањето да биде и филамент и протуберанција.Некои протуберанции се толку моќни што исфрлаат маса од Сонцето во вселената со брзини кои достигнуваат од 600 км/s до повеќе од 1000 км/s. Други протуберанции од огромни разврзувања или колони на наклон од светлечки гасови над сончевите точки што можат да достигнат висини од стотици илјади километри.Протуберанциите можат да опстанат од неколку дена до неколку месеци.[4]
Videos
уреди
Images
уреди-
Solar prominences.
-
Detached Solar prominence.
-
A limb's flare and after-flare prominence.
-
Major eruptive prominence (Skylab 1973).
-
Solar prominence STEREO behind.
-
Solar prominence STEREO ahead.
-
Solar prominences (in red) visible around the edge of the sun during a solar eclipse
Види
уреди„Протуберанција“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Atkinson, Nancy (6 August 2012). „Huge Solar Filament Stretches Across the Sun“. Universe Today. Посетено на 11 August 2012.
- ↑ „1185: The first description of solar prominences“. Great Moments in the History of Solar Physics. Université de Montréal. 2008. Посетено на March 30, 2015. See pdf version here Архивирано на 2 април 2015 г. (accessed 21 August 2015).
- ↑ Poitevin, Patrick; Edmonds, Joanne (2003). „Solar Eclipse Newsletter“ (PDF). 8 (5). Patrick Poitevin. Посетено на March 30, 2015. Наводот journal бара
|journal=
(help) Original text cited at „Лаврентьевская летопись“. Izbornik. Leningrad: USSR Academy of Sciences. 1927. стр. 396. Посетено на 30 March 2015. - ↑ „About Filaments and Prominences“. solar.physics.montana.edu. Посетено на 2 January 2010.
Further reading
уреди- Galsgaard, K.; Longbottom, A.W. (1999). „Formation of solar prominences by flux convergence“. Astrophysical Journal. 510: 444. Bibcode:1999ApJ...510..444G. doi:10.1086/306559.
- Low, B.C.; Fong, B.; Fan, Y. (2003). „The mass of a solar quiescent prominence“. Astrophysical Journal. 594 (2): 1060. Bibcode:2003ApJ...594.1060L. doi:10.1086/377042.
- Golub, L.; Pasachoff J.M. (1997). The Solar Corona. Cambridge University Press. ISBN 0-521-48535-5.
- Tandberg-Hanssen, Einar (1995). The Nature of Solar Prominences. Dordrecht: Kluwer Acad. ISBN 978-0792333746.