Магаза на Голеви
Магаза на Голеви — магаза во градот Охрид, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Магаза на Голеви | |
---|---|
Магазата (ниската градба десно). Камената градба во средината е Магазата на Симончеви | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | магаза |
Адреса | ул. „Свети Климент Охридски“ бр. 102 |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 1 |
Архитектура
уредиГрадбата се наоѓа на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 102, во непосредна близина на плоштадот „Свети Климент Охридски“. На југозапад е слепена со Магазата на Симончеви на бр. 104 и 106. Му припаѓа на поновиот тип на камени трговски објекти од европски тип, таканаречените магази кои се појавиле во XIX век како замена за дрвените еднокатни дуќани. Изградена е во втората половина на XIX век од непознати мајстори.
Се состои од подрум како склад и приземје со дуќан. Изведена е од обработени камени блокови поставени во хоризонтални редови. Завршува со профилирана стреа од бигорни блокови, над која има покрив на две води со турски ќерамиди. Има вертикални олуци од поцинкувана ламарина. Приземието е подигнато над теренот со две скалила. Излогот и вратата го опфаќаат поголемиот дел од дасадата. Металните капаци на прозорците се отстранети. Првобитна функција на објектот била кројачки салон.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Магаза на ул. Св. Климент Охридски бр.102“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-06. Посетено на 5 септември 2017.