Кара Су

река во Катеринско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Мавронери)

Кара Су (Мавронери или Есонас; грчки: Μαυρονέρι, Αίσωνας) — река во Катеринско, Егејска Македонија.[1][2][3] Претставува најголемата река во Катеринско (округот Пиерија), со должина оа 50 км и сливна површина од 655 км2.[3]

Кара Су
Μαυρονέρι
Кара Су
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКатеринско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоШапка
 • координати40°09′08″N 22°06′08″E / 40.1522° СГШ; 22.1022° ИГД / 40.1522; 22.1022
Устие 
 • место
Егејско Море
 • координати
40°12′37″N 22°35′25″E / 40.2103° СГШ; 22.5902° ИГД / 40.2103; 22.5902
Должина50 км
Големина на сливот655 км2
Особености на сливот
Кара Су во рамките на Катерина (општина)
извор
утока

Описание

уреди
 
Камен мост на Кара Су во Морна.
 
Морненското Езеро

Реката извира од планината Шапка источно од врвот Пиргос (1689 м).[1] Се образува од слевањето на десетици мали потоци кои извираат од Олимп и Шапка.[2] Тече на северозапад и по месноста Оја Чаир свртува на североисток, а под врвот Грамени Оксија (1584 м) на исток во длабоката планинска долина[1] наречена Петренски Теснец (Στενά της Πέτρας).[2] Минува низ селото Фтери, каде ја прима десната притока Хајдар. Кај селото Морна на реката има мало вештачко езеро, каде реката ја прима притоката Морнотик и свртува на североисток. Излегува од планината северно од Фотина и јужно од Долна Милја. По Долна Милја ја прима големата лева притока приток Пистериес. Северно од Ступи прима друга голема лева притока Пелекас. По 7 км се влева во Солунскиот Залив во месноста Армирки северно од Варички Колиби и јужно од Олимпски Брег.[1]

Во устието на реката се образува убав комплекс од влажни станишта кои се протегаат по должина од 5 км напоредно на брегот.[2]

Често, особено во летните месеци, реката пресушува, како од природин причини, така и поради нејзината употреба за наводнување.[2][3]

Имена

уреди

Во горното течение реката го носи и името Итамос (Ίταμος). Мавронери (во прев. црна вода) се должи на матноста на водата. Во антиката била наречена Есон (Αίσων) и Митис (Μίτυς), во средновековието била Петра (Πέτρα) и Фидари (Φίδαρη), а во османлиско време се нарекувала Кара Су, кое како Мавронери значи црна вода.[2][3]

Притоки

уреди

→ лева, ← десна

  • ← Хајдар[1]
  • → Деси[1]
  • ← Ливадиотик[1]
  • → Ајос Николаос[1]
  • → Морнотик[2]
  • ← Петриотик[1]
  • → Пистериес[1] (Брязиотикос)[2]
  • → Куцуфљанолак[1]
  • ← Ронгијс[1]
  • ← Ајлљас[1]
  • Пелекас[1]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Ρέματα“. Δημοτικό Σχολείο Δίου. Посетено на 20 февруари 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Μαυρονέρι Πιερίας (Αίσων)“. Natura Graeca. Посетено на 20 февруари 2023.