ЛАЗ
ЛАЗ (украински: Львівський автобусний завод, „Лавовски автобуски завод“) е произведувач на автобуси и тролејбуси од Лавов, Украина. Кратенката „ЛАЗ“ е всушност нивното официјално име.
Вид | холдинг |
---|---|
Основано | 21 мај 1945 |
Распуштено | октомври 2014 |
Седиште | , |
Клучни личности | Игор Чуркин[1] |
Производи | автобуси, тролејбуси |
Матично претпријатие | Холдинг ЛАЗ |
Мреж. место | www.laz.ua |
Претпријатието било меѓу најкрупните производители на автобуси во СССР и најголемиот производен капацитет во градот. Денес е приватизирано како холдинг.
Најзастапено возило на производителот е градскиот автобус LAZ-695 и неговата продолжена туристичка варијанта, LAZ-699. Во неколку градови во светот може да се забележи тролејбусот ElectroLAZ. ЛАЗ е одбран за превозник на Европското првенство во фудбал во 2012 што ќе се одржи во Украина и Полска. Украинската влада има потпишано договор за 2500 нови автобуси „CityLAZ“ со можно дополнување од уште 800.
Во последно време претпријатието ја проширува производната дејност и во САД, со нова фабрика во Њујорк.
ЛАЗ во Македонија
уредиВо градот Скопје сообраќаат 80 нископодни автобуси од CITYLAZ 18LF (долж. 18,6 м) како дел од обновениот возен парк на јавниот превозник ЈСП Скопје. Автобусите имаат по 28 седишта и 30 места за стоење, разладен и греен систем, електронски информатор за граѓаните, дигитален тахограф за работа, автоматски менувач и електронска рампа за лица со посебни потреби.[2]
Модели
уредиЕве список на возилата што се произведуваат во заводот:
|
|
Галерија
уреди-
LAZ 699 во Русија
-
LAZ 52528 во Лавов
-
CityLAZ 12 во Полска
Наводи
уреди- ↑ „ТОП - друштвото за управување“. Архивирано од изворникот на 2011-09-16. Посетено на 2011-08-22.
- ↑ „Промотивно возење на првите 15 украински автобуси во Скопје“. Министерство за транспорт на РМ. 22 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-03-01. Посетено на 30 јуни 2011.
Надворешни врски
уреди„ЛАЗ“ на Ризницата ? |
- Службена страница на ЛАЗ Архивирано на 13 ноември 2012 г. (руски) (англиски) (српски)