Лозенската Планина (бугарски: Лозенска планина) се наоѓа во западна Бугарија, во непосредна близина на главниот град Софија и планината Витоша, однсоно, јужно од Софиското поле. Западната на планината е Панчаревската клисура на реката Искар, меѓу селата Панчарево и Пасарел, а југозападната е кај вештачкото езеро Искар. Во подножјето на планината се наоѓаат селата Лозен, Герман, Долни Пасарел и Габра. Од нив кон планината се трасирани пешачки планинарски патеки, кои во повеќето случаи се патишта и козарски патеки употребувани во минатото за стопански цели. Најпопуларни се патиштата околу врвот Полуврак и Панчаревското езеро. На Лозенската Планина се наоѓаат Германскиот, Лозенскиот, Панчаревскиот и Долнопасарелскиот манастир, како и средновековната тврдина Урвич.

Лозенска Планина
Лозенска планина
Околината на селото Пасарел во подножјето на Лозенската Планина.
Највисока точка
Надм. вис.1.190 м
Друго имеЛозенска планина
Географија
Лозенска Планина на карта

Карта

Место Бугарија
Матичен венецСредна Гора
Искачување
Најлесен патЛесно планинарење.

Географија

уреди

Лозенската Планина е најзападниот дел на Ихтиманска Средна Гора. Планината има површината од 80 км2.[1] Таа има два дела - северен и југоисточен, а нивна граница е малата река Ракита.

Северниот дел е поголем и повисок. На него се крева главното планинско било. Тоа започнува над селото Герман и ги достигнува врвовите Урвина Падина и Здравчов Камен. Од тука на исток се издигнуваат едни од највисоките врвови на планината - Бачун (1.150 м), Ланина Могила (1.188 м) и Половрак (1.182 м). Сртот се протега кон југ и завршува со првенецот на планината Попов Дел (1.190 м). Северните делови и деловите над реката Искар се стрмни и со шума. Јужните делови се спротивни на северните, односни тие се коси, со многу широки ливади и се спуштаат дури до долината на реката Ракита.

Југоисточниот дел е понизок. Северниот дел е повисок и е создаден главно од билото на локалниот првенец, врвот Шарбаница (1.101 м). На југоисток од него делот е составен од релативно длабоките Русамски и Беларски дол, кои се влеваат во реката Искар. Сртовите над нив слегуваат постепено и завршуваат со карпите на врвовите Гарванец, Загазе и Кале. Карпите Гарванец се еден од најинтересните туристички објекти на планината.

Галериjа

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-04-01. Посетено на 2012-04-27.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди