Лов (филм од 1974)
„Лов“ (српскохрватски: Kainov znak) — југословенски тв-филм од 1974 година, во режија на Желимир Месариќ, снимен по сценариото на Стјепан Шешељ. Снимател е Драгутин Новак, монтажата е дело на Јасна Фулгоси, а автор на музиката е Перо Готовац. Улогите ги играат: Фабијан Шоваговиќ, Едо Перочевиќ, Миша Јанкетиќ, Анте Дулчиќ, Бранка Лончар, Винко Призмиќ, Нико Ковач, Нико Павловиќ и Ацо Чакиќ.[1]
Синопсис
уредиСимун се судира со шефот на новиот земјоделски комбинат во кој е вработен тој. Низ тој судир се отсликуваат промените кои ги предизвикува мелиорацијата на земјата во долината на Неретва, разурнувајќи го традиционалниот начин на живеење.