Ли Валас (роден на 1 август, 1987) — шкотски фудбалер кој игра за Ренџерс. Тој игра по левата страна најчесто во одбраната, но исто така може да игра на левата страна и во средниот ред. Неговата застапеност во шкотската репрезентација во последно време стана извор на контроверзност, поради неговата одлука да остане во Ренџерс и по исфлањето на тимот во третата дивизија.

Ли Валас
Lee Wallace
Лични податоци
Роден на 7 јуни 1981(1981-06-07)(43 г.)
Роден во Единбург, Шкотска
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Ренџерс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2011 Хартс 139 (3)
2011– Ренџерс 34 (2)
Репрезентација
2009- Шкотска 6 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Хартс

уреди

Валас потпишал професионален договор во јули 2004 година со младинскиот тим на Хартс. Валас го направи своето деби во сезоната 2004-05 против екипата на Килмарнок во Шкотскиот куп и стана редовен член на првиот тим иако тој најде на потешкотии во обидот да го отстрани Такис ​​Фисас од позицијата лев бек.

Веројатно, најдобриот момент на Валас во бордо дресот на Хартс беше неговиот чудесен погодок против Килмарнок во шкотскиот куп на Рагби парк кога имаше околу седумдесет метри дистанца откаде тој шутираше за да го постигне својот прв натпреварувачки гол за клубот.

Во летото на 2006 година друг Шкотски Премиерлигаш, Данди Јунајтед се обиде да го доведе на заем Валас, но нивната понуда веднаш беше одбиена. Еден месец подоцна, Валас потпиша нов пет годишен договор со Хартс. Тој беше поставен за заменик капитен на тимот во текот на сезоната 2010-11. Меѓутоа таа сезона беше нарушена за него од повреди и тој направи само десет настапи за клубот.

Валас имаше вкупно 158 настапи во сите натпреварувања и постигна четири гола за Хартс.

Ренџерс

уреди

На 22 јуни, Хартс ја отфрли понудата од £ 300,000 од Ренџерс, означувајќи ја како иронична. Една недела подоцна Ренџерс ја подобриле понудата и сега таа гласеше £ 1 милион, но со ист ефект, откако и овој обид пропадна затоа што и оваа понуда беше отфрлена од сопствениците на Хартс. Веднаш потоа, Хартс ја постави цената на својот играч и таа гласеше 3 милиони £. Во меѓувреме англискиот Премиер лигаш Вулверхемптон, исто така, изрази интерес за Валас, но оттаму нестигнала никаква понуда. На 21 јули 2011 година, новиот обид на Ренџерс со понудена сума од £ 1,5 милиони конечно беше прифатена од Хартс. Валас потпиша пет-годишен договор со клубот, станувајќи второто засилување во летото на менаџерот Али МекКоист.

Валас го направи своето деби за Ренџерс во Лигата на Шампионите на 26 јули 2011 година, во поразот со 1-0, од шведскиот тим Малме.

Валас го постигна својот прв гол за Ренџерс на Бадник 2011 во поразот на клубот со 2-1 од Сент Мирен. Четири дена подоцна, тој беше стрелец повторно и тоа во неговото деби во Олд Фирм дербијата, но неговиот погодок беше поништен поради одлуката на помошникот судија дека неговиот удар наводно бил блокиран од соиграчот Соне Алуко кој се наоѓал во недозволена позиција. Валас го постигна својот втор гол за клубот на 25 март 2012 година, против истиот противник против кој претходно му беше поништен погодок, Селтик, носејќи му ја победата на својот тим со 3-2.

По ликвидацијата на Ренџерс "старата компанија требаше да создаде нов тим", а Валас беше еден од првите играчи којшто изрази желба неговата иднина да остане во клубот.

Репрезентативна кариера

уреди

Валас го направи своето полно репрезентативно деби за Шкотска во октомври 2009 година кога тој игра во пријателскиот натпревар против Јапонија во Јокохама.

Надворешни врски

уреди