Ли Ѕ Чи (влогер)
Ли Ѕ Чи ( [lì tsɨ̀.tɕʰí] ; кинески ; пинјин : Lǐ Zǐqī); родена на 6 јули 1990 година, е кинески видео блогер, претприемач и славна личност на интернет.[2] Таа е позната по создавањето видеа за подготовка на храна и ракотворби во нејзиниот роден град во руралниот округ Пингву, Мианјанг, во северно-централната провинција Сичуан, југозападна Кина, често од основни состојки и алатки користејќи традиционални кинески техники. [3] [4] [5] Во февруари 2021 година, таа го освои Гинисовиот рекорд за „Најмногу претплатници за канал на кинески јазик на YouTube“. [6]
Li Ziqi 李子柒 | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ли во 2021 | |||||||||||||
Лични информации | |||||||||||||
Роден/а | Ли Џа Џа 6 јули 1990 Пин Ву област, Мјанјан, Сичуан, Кина | ||||||||||||
Народност | кинеска | ||||||||||||
Занимање | |||||||||||||
Веб-страница | Li Ziqi's Weibo | ||||||||||||
Јутјуб информации | |||||||||||||
Канал | |||||||||||||
Години активност | 2017- денес | ||||||||||||
Вкупно прегледи | 3.26 билиони[1] | ||||||||||||
| |||||||||||||
|
Ли Зики |
---|
Раниот живот
уредиЛи е родена на 6 јули 1990 година во Сичуан, Кина, а вистинското име и е „Ли Џа Џа“ ( кинески 李佳佳 ).[7] Таа останала сирак на многу млада возраст. [8] Во интервју за Goldthread, Ли изјавила дека се преселила кај баба и и дедо и откако нејзината маќеа ја малтретирала. [9]
Кариера
уредиЛи започнала да ги објавува своите видеа на Meipai во 2015 година. [10] Првично, Ли ги правела своите видеа сама, но нејзините вештини за уредување видеа во тоа време не успеале да ја „доловат креативноста“ што таа се обидела да ја изрази. Во 2016 година, едно од видеата на Ли со наслов Peach Wine го привлекло вниманието на извршниот директор на платформата за правење видео, кој го објавил видеото на насловната страница на платформата, што набрзо привлекло повеќе следбеници за каналот на Ли. Таа го објавила своето прво видео на YouTube во 2017 година со наслов „Изработка на фустан со лушпи од грозје“. [11] Од јануари 2024 година, таа имала над 18 милиони претплатници на YouTube, и над 26,3 милиони следбеници на Sina Weibo, [12] и над 5 милиони следбеници на Facebook, [13] поради што била инспирација на многу блогери да објавуваат слична содржина. [14] [15] [10] [16]
Нејзината домашна публика најмногу се состоела од урбани милениумци. [17] Популарноста на Ли може да се припише на фугу (复古) , ретро-носталгија, односно зголемена заинтересираност за традиционалната кинеска култура. Во интервју за Goldthread во септември 2019 година, Ли изјавила: „Едноставно сакам луѓето во градот да знаат од каде доаѓа нивната храна“. [9]
Главниот фокус на видеата на Ли е традиционалната храна и антиквитети. [18] Покрај видеата за подготовка на храна, други популарни видеа на Ли вклучуваат изработка на традиционална шминка, фустани обоени со кора од грозје, рачна изработка на мебел од бамбусово дрво и ткн. Ли ретко зборува во нејзините видеа, а најмногу се истакнуваат звуците на природата, готвењето и смирувачката музика. Списанието Хемисфери изјави: „Единствената нарација е пријателскиот разговор помеѓу Ли и нејзината баба, но звуците - пеењето на птиците, крцкањето на мразот под нозете, ударањето на ножот, крцкањето на пржениот лук - ве наведуваат на ASMR транс, така што не ни забележувате колку видеа сте изгледале“.
Во 2018 година, таа лансирала бренд за храна под свое име и продавала пакувана храна преку е-трговија . [19]
Во септември 2019 година ѝ била доделена наградата „Избор на народот“ (People's Choice Award) од страна на официјалниот весникот Народен дневник“ на Централниот комитет на кинеската комунистичка партија. [20] [21] Во август 2020 година, Ли била номиниран за член на Секинеската младинска федерација. [22] [21] Ли, заедно со г-ѓа Јеа и Дианси Сиаго, се единствените кинески познати личности на Интернет кои постигнаа меѓународна слава. [23]
Правен спор
уредиОд нејзиното последно видео во јули 2021 година, Ли ја прекинала својата блогерска кариера поради правен спор со нејзините деловни партнери. [24] [25] На 27 октомври 2021 година, Ли официјално ја тужела повеќеканална мрежа (MCN), нејзина партнерска Хангжу Веинијан фирма. Иако содржината на спорот не била објавена, различни медиуми сугерираат дека тоа било поврзано со комерцијализација на брендот Ли Ѕ Чи . Една недела претходно, во интервју за државната кинеска централна телевизија (CCTV), Ли изјавила дека „не сака да ја види нејзината интелектуална сопственост прекомерцијализирана“. [26]
На 27 декември 2022 година, Ли Ѕ Чи по добиениот судскиот спор станала контролор на компанија која поседува интелектуална сопственост поврзана со нејзиното име и бренд. [4] [27] [28]
Повторно појавување во 2023 година
уредиВо септември 2023 година, Ли накратко се појавила во видео за Кинеската асоцијација на млади рурални претприемачки лидери. Таа дејствувала како официјален амбасадор на фестивалот на жетвата на кинеските фармери, кој се одржува секоја година на есенската рамнодневица. [29]
Враќање во 2024 година
уредиПо три години отсуство, Ли Ѕ Чи го најавила своето враќање во ноември 2024 година. [30]
Прием
уредиДржавната телевизија ја пофали и изјави: „И без искажан збор што ја пофалува Кина, Ли ја промовира кинеската култура на најдобар начин и ја раскажува добрата кинеска приказна“. [31] Новинарите посочија дека нејзините видеа може да ги гледаат како начин за промовирање на меката моќ на кинеската влада. [17] [31] [32]
Една академска студија сугерира дека некоја странска публика повлекле паралели меѓу кинеската култура и нивната. [33]
Личен живот
уредиЛи живее со нејзината баба, која повремено се појавува на видеа, [34] во селското опкружување на областа Мианјанг во Сичуан во Југозападна Кина.[15] Кога Ли била во петто одделение, нејзиниот дедо починал. Поради тоа, баба и не можела да го плати нејзиното образование, па Ли морала го напушти училиштето на 14-годишна возраст за да работи во градот. Работела разни професии, вклучително и келнерка (2016–2017), диск џокеј (2007–2013) и пејачка (2006–2007). [35] Во 2012 година се вратила за да се грижи за нејзината баба, која во тоа време била болна. [36]
На почетокот, Ли продавал земјоделски производи на Таобао како начин да заработи за живот пред да продолжи да биде блогер. [35]
Првично ги правела сите фотографии и уредувања сама. Како што се здобивала со популарност и искуство, почнала сама да ги продуцира своите видеа со помош на личен асистент и видеограф. [9]
Наводи
уреди- ↑ „About“. 李子柒 Liziqi. Архивирано од изворникот 13 March 2020. Посетено на 2 March 2020 – преку YouTube.
- ↑ Yamaguchi, David (14 March 2019). „SANSEI JOURNAL: Everything Comes From China“. North American Post. Архивирано од изворникот на 9 May 2019. Посетено на 9 May 2019.
- ↑ „李子柒 Liziqi“. Youtube. 9 April 2024. Архивирано од изворникот на 13 Feb 2024. Посетено на 9 April 2024.
- ↑ 4,0 4,1 „China's Biggest YouTuber Li Ziqi Wins IP Control After Dispute“. Yicai Global. Xinhua News Agency. 27 December 2022. Посетено на 16 April 2024. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:3“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „揭秘2017最火网红"古风美食第一人"李子柒“. ifeng.com (кинески). 27 July 2017. Архивирано од изворникот на 8 May 2019. Посетено на 8 May 2019.
- ↑ „Li Ziqi breaks YouTube subscribers record for Chinese language channel“. Guinness World Records. Guinness World Records Limited. 3 February 2021. Архивирано од изворникот на 16 September 2022. Посетено на 10 February 2021.
Chinese vlogger Li Ziqi set a new record for "Most subscribers for a Chinese language channel on YouTube" with 14.5 million subscribers, Guinness World Records announced on Tuesday.
- ↑ Che, Hui (30 December 2019). „"李子柒现象"背后的网红出海“. Workers' Daily (кинески). стр. 5. Архивирано од изворникот на 24 February 2020. Посетено на 2020-09-17.
- ↑ Cao, Jing (31 December 2019). „All You Want to Know about Li Ziqi (李子柒)“. DigMandarin. Архивирано од изворникот на 1 March 2020. Посетено на 3 April 2020.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Wu, Venus (13 September 2019). „Exclusive: Behind the scenes with Li Ziqi, China's most mysterious internet celebrity“. Goldthread. Архивирано од изворникот на 25 April 2020. Посетено на 3 April 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Wu“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 10,0 10,1 Dumke, Erin (13 April 2019). „Li Ziqi: The Online Celebrity Bringing Ol' School Traditions to the Modern World“. Chinosity. Архивирано од изворникот на 9 May 2019. Посетено на 9 May 2019.
- ↑ „Li Ziqi breaks YouTube subscribers record for Chinese language channel“. Guinness World Records (англиски). 2021-02-03. Архивирано од изворникот на 16 September 2022. Посетено на 2021-02-22.
- ↑ „李子柒的微博“. Sina Weibo (кинески). Посетено на 3 April 2020.
- ↑ „李子柒“. Facebook. Архивирано од изворникот на 18 March 2020. Посетено на 3 April 2020.
- ↑ Li, Weida (25 January 2019). „Top YouTube channels to learn about China“. GBTimes. Архивирано од изворникот на 26 April 2019. Посетено на 9 May 2019.
- ↑ 15,0 15,1 Doyen, Léa (3 October 2018). „This Chinese youtube girl teaches us how tofu is made“. Emotions. Архивирано од изворникот на 9 May 2019. Посетено на 9 May 2019. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Doyen“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Nigari (7 May 2018). „La youtubeuse Li Ziqi et la tradition chinoise ancestrale“. AgoraVox (француски). Архивирано од изворникот на 9 May 2019. Посетено на 9 May 2019.
- ↑ 17,0 17,1 Matei, Adrienne (28 January 2020). „Country life: the young female farmer who is now a top influencer in China“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 23 March 2020. Посетено на 3 April 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Zhang, Shen, уред. (12 December 2019). „美食博主李子柒为什么收获关注?中纪委网站这样说“. Sina News (кинески). Архивирано од изворникот на 30 December 2019. Посетено на 3 April 2020.
- ↑ Wang, Jeffrey (2020-08-06). „Li Ziqi has Set Up a New Food Company and May Export Chinese Food“. Panda!Yoo. Архивирано од изворникот на 23 August 2020. Посетено на 2020-08-06.
- ↑ Yan, Alice (December 11, 2019). „Chinese state media approves of YouTube star Li Ziqi“. Inkstone News. Архивирано од изворникот на 6 February 2022. Посетено на April 2, 2021.
- ↑ 21,0 21,1 Bachulska, Alicja; Leonard, Mark; Oertel, Janka (2 July 2024). The Idea of China: Chinese Thinkers on Power, Progress, and People. Berlin, Germany: European Council on Foreign Relations. ISBN 978-1-916682-42-9. Архивирано од изворникот (EPUB) на 17 July 2024. Посетено на 22 July 2024.
- ↑ Li, Jill (August 12, 2020). „As China's Vloggers Draw International Fans, Beijing Sees Soft Power Opportunity“. Voice of America. Архивирано од изворникот на 23 August 2020. Посетено на August 18, 2020.
- ↑ 诸未静 (2019-12-23). 林涛 (уред.). „网红出海热 谁能成为下一个"李子柒"?“ [Internet celebrities are become popular overseas. Who can become the next "Li Ziqi"?]. Southern Metropolis Daily (кинески). Архивирано од изворникот на 2021-10-11. Посетено на 2021-10-11 – преку Nanfang Daily.
- ↑ „What Happened to Li Ziqi, China's Most Famous YouTuber?“. www.vice.com (англиски). 20 September 2021. Архивирано од изворникот на 19 October 2021. Посетено на 2022-08-28.
- ↑ „Company behind Li Ziqi denies controlling her accounts“. China Daily. 2021-11-02. Архивирано од изворникот на November 2, 2021. Посетено на 2023-10-18.
- ↑ „Chinese YouTube Celebrity Li Ziqi Sues MCN Partner Weinian After Three-Month Silence“. www.yicaiglobal.com (англиски). Архивирано од изворникот на 27 October 2021. Посетено на 2021-10-27.
- ↑ „李子柒赢了吗?“. 中国新闻周刊, 百家号. 28 December 2022. Посетено на 16 April 2024.
- ↑ „微念与李子柒达成和解!"李子柒"商业版图或分裂加剧“. 中国网资讯, 百家号. 28 December 2022. Посетено на 16 April 2024.
- ↑ „Former hottest influencer in China Li Ziqi's controversial comeback after 2-year hiatus sparks online firestorm over change in appearance“. South China Morning Post. 23 September 2023. Посетено на 9 April 2024.
Li declared her official return on September 15 in a video published on social media platforms that went viral after it was picked up by local news outlets. She had not yet shared any new content at the time of this article’s publication.
- ↑ Spencer, Richard (2024-11-18). „China's 'slow living' influencer returns after three-year hiatus“. The Times. Посетено на 2024-11-20.
- ↑ 31,0 31,1 Yan, Alice (11 December 2019). „Chinese state media joins rural life blogger Li Ziqi's millions of followers“. South China Morning Post. Архивирано од изворникот на 14 December 2019. Посетено на 15 December 2019.
- ↑ Kim, Jo (May 5, 2020). „Will Internet Celebrities Become China's New Channel for Projecting Soft Power?“. The Diplomat. Архивирано од изворникот на 28 October 2020. Посетено на January 18, 2021.
- ↑ Li, Jingfang; Adnan, Hamedi M.; Gong, Jiankun (December 10, 2023). „Exploring Cultural Meaning Construction in Social Media: An Analysis of Liziqi's YouTube Channel“. Journal of Intercultural Communication. 23 (4).
- ↑ A multi layer sole shoes for my grandma, in memory of good old days给奶奶做了双千层底,重温儿时一针一线的旧时光. 17 December 2017. https://www.youtube.com/watch?v=Ccy5luBmnSY.
- ↑ 35,0 35,1 Duan, Xiaoer (17 December 2019). „「農村網紅」李子柒衝出國際並獲中國官媒加持,你有看過她的影片嗎?“ ["Rural Net Red" Li Ziqi rushed out of the world and was blessed by Chinese official media. Have you seen her video?]. Initium Media (кинески). Архивирано од изворникот на 30 December 2019. Посетено на 3 April 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Duan“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „【放過李子柒】李子柒爆紅幕後團隊與全商業版圖“. chinaqna.com (кинески). 2019-12-12. Архивирано од изворникот на 2020-06-22. Посетено на 2020-11-17.