Лицето на подот од барот (филм од 1914)

Лицето на подот од барот (англиски: The Face on the Bar Room Floor) - американски филм од 1914 година, во режија на Чарли Чаплин, делумно заснован врз истоимената поемата на Хју Антоан Д'Арси од 1887 година. Чаплин, исто така, ја игра и главната улога, а покрај него во филмот настапуваат и Сесил Арнолд, Џес Денди, Вивиен Едвардс, Едвард Нолан и Чарлс Бенет.[1]

Содржина

уреди

Еден скитник (го игра Чаплин) влегува во бар и бара од гостите да го почестат една пијачка, со ветување дека ќе им ја раскаже својата животна приказна: Тој бил прилично успешен сликар, но еден ден се вљубил во девојката Медлин (ја игра Арнолд), која му служела како модел. Меѓутоа, неговата среќа траела кратко, зашто еден ден, додека изработувал портрет на еден познаник (го глуми Денди), во ателјето дошла Медлин, која се зближила со него. Еден месец подоцна, Медлин заминала со човекот, оставајќи му само писмо на сликарот. Очаен од загубата на саканата девојка, тој го уништил портретот, а потоа постепено пропаѓал во беда. По една година, седејќи на една клупа како скитник, тој повторно ја видел Медлин, со нејзиниот сопруг и со неколку деца. Тоа го разочарало уште повеќе и така станал алкохоличар. Откако им ја раскажува приказната, тој бара креда и безуспешно се обидува да го нацрта лицето на Медлин на подот од барот, потоа започнува тепачка со присутните во барот и најпосле, паѓа на подот во бесознание.[1]

Надворешни врски

уреди

YouTube, The Face on the Barroom Floor (1914)

Наводи

уреди