Липов чај (расказ)

„Липов чај“расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина

уреди

Во Белград, во близината на земунскиот мост на Сава, постојат скали, а во блиските куќи некое време живеел раскажувачот, кој се сеќава на еден тогашен сон: Во неговата соба се наоѓаат двајца мажи кои играат карти и го предупредуваат дека никогаш не смеат да се најде на истото место со нив. Тогаш, тој излегува надвор, а на улиците здогледува многу луѓе, кои присуствуваат на некаква прослава. Тогаш, во двајца австриски војници од 18 век, тој ги препознава двајцата мажи од сонот и сфаќа дека се наоѓа во минатото. Со автомобилот бега во близината на реката, а таму слуша разговор меѓи двајца мажи, воден на француски јазик, повторно ги препознава двајцата мажи и сфаќа дека се наоѓа во 1624 година. Тој пак бега, со автомобилот удира во една липа и тогаш се буди. Станува, оди во тоалетот, но додека мокри, сфаќа дека испушта липов чај.[1]

Наводи

уреди
  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 87-91.