Летопис (списание)
Летопис (лужички: Lětopis), полно име лужички: Lětopis — Časopis za rěč, stawizny a kulturu Łužiskich Serbow (македонски: Летопис — Списание за јазикот, историјата и културата на Лужичките Срби) — лужичкосрпско научно списание што се издава во Германија. Списанието е издание на Лужичкосрпскиот институт. Го печати издавачката куќа Домовина.
Тип | научно списание |
---|---|
Издавач | Лужичкосрпски институт |
Основан | 1952 |
Јазик | германски, горнолужички и долнолужички |
Историја
уредиИсториски претходник на публикацијата се смета општественокултурното и книжевно списание лужички: Časopis Maćicy Serbskeje (македонски: Списание на Матица лужичкосрпска; по буквална транскрипција од лужичкосрпските јазици - Часопис Матица српска), што го издавало од 1848 до 1937 година лужичкосрпското друштво Матица лужичкосрпска. Првиот број на современото списание бил објавен во 1952 година.
Написите во списанието најчесто се објавуваат на горнолужички, долнолужички и германски јазик. Понекогаш написите се објавуваат на полски, руски и чешки јазик.
За време на Германската Демократска Република, списанието било објавувано во четири посебни тома со специфична содржина, кои биле класифицирани со буквите,, и . Томот содржел написи за лужичкосрпската лингвистика. Во овој том биле објавувани написи за историјата на Лужичките Срби, нивниот политички и општествен живот, како и нивниот однос со германското население. Томот бил посветен на лужичкосрпската етнографија, а томот содржеше написи за лужичкосрпската култура, етнографија и фолклор.[б 1]
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ Мудра & Петр 1983, стр. 9.
Литература
уреди- Thiemann, von Manfred (1989). Sorben : ein kleines Lexikon. Bautzen: Domowina-Verl. ISBN 978-3-7420-0405-5.CS1-одржување: ref=harv (link)
- см. Иржи Мудра, Ян Петр, «Учебник верхнелужицкого языка», Домовина, Будышин-Баутцен, ГДР, 1983