Летни олимписки игри 1944

Летните олимписки игри во 1944 или 13-те Летни олимписки игри не се одржале поради Втората светска војна. Игрите требале да се одржат во Лондон кој на сесијата на МОК во јуни 1939 година ги победил Рим, Детроит, Лозана, Атина, Будимпешта, Хелсинки и Монтреал[1].

Во чест на јубилејот од 50 години постоење на Меѓународниот олимписки комитет којшто требал да се прослави на Олимписките игри во 1944, прославата се одржала во Лозана како „Јубилеј на прославите на МОК“ од Карл Дим, творецот на патувањето на Олимпискиот факел од Олимпија до градот-домаќин.

Наводи

уреди
  1. „Past Olympic host city election results“. GamesBids. Архивирано од изворникот 24 January 2011. Посетено на 17 March 2011.