Леопард од Гумалапур

(Пренасочено од Леопардот од Гумалапур)

Леопардот од Гумалапур, познат и како Дамчестиот ѓавол од Гумалапур, бил човекојаден индиски леопард одговорен за смртта на 42 луѓе од селата Гумалапур и Деварабета во државата Тамил Наду, (Индија).

По зајдисонце, селаните се забарикадувале во своите куќи, и не се осмелувале да излезат надвор. Леопардот толку се охрабрил што почнал да влегува во колибите преку сламените ѕидови и кровови, а во еден случај и ги убил сите четворица кои живееле во колибата. Овој ѕвер бил убиен од страна на Кенет Андерсон, кој подоцна открил дека животното било повредено, па затоа не можело да лови друг плен. Андерсон ги раскажал случките со овој леопард во книгата „Девет човекојадци и измамникот“ (Nine Man-Eaters and one Rogue), објавена во 1954 година. Датите на нападите не се прецизирани.

Ловот на леопардот

уреди

Првиот обид

уреди

Кенет Андерсон пристигнал во Гумалапур на барање на локалната власт која сакала да се ослободи од леопардот. Андерсон немал никаква помош од месното население бидејќи тие верувале дека доколу му помогнат ќе го разгневат леопардот.

Во 18 часот, Андерсон се сместил пред 3,7 метарски ѕид покриен со трње, кој требало да биде заштита доколу леопардот реши да го нападне од зад грб. Цела ноќ, Андерсон неуспешно се трудел да го намами леопардот, кашлајќи и гласно зборувајќи сам со себе. Иако ноќта не вродила со плод, сепак до пладне, селаните почнале многу повеќе да соработуваат со ловецот мислејќи дека гласното зборување на Андерсон преку ноќта всушност биле разговори со духови.

Вториот обид

уреди

Втората ноќ селаните му позајмиле на Андерсон една колиба. Во неа била поставена кукла, а вратата била оставена подотворена за да го намами леопардот. Андерсон бил скриен во колибата. Ноќта повторно била без резултат. Следната ноќ, Андерсон бил разбуден од `ржењето на леопардот, кој разочаран од куклата брзо избегал во џунглата.

Третиот обид

уреди

Откако сфатил дека леопардот нема повторно да нападне во Гумалапур уште долго време, Андерсон решил да отиде во селото Даварабета каде леопардот нападнал пред околу еден месец. Андерсон повторно поставил ѕид со трње како во првиот обид. Предноста овој пат била што џунглата била многу поблиску па полесно можел да го забележи пристигнувањето на леопардот. За време на ноќта, со Андерсон имало и едно париа куче (индиско куче). По неколку часа, кучето почнало да покажува знаци на страв. Андерсон го забележал леопардот како се движи по крововите на колибите, меѓутоа брзо го загубил во темнината. По неколку-минутно барање, лаењето на кучето дали знак за присутноста на леопардот. Леопардот го нападнал Андерсон, кој испукал 3 куршума и го убил животното.

По смртта

уреди

По прегледувањето на телото, Андерсон пронашол две боцки од Индиско бодликаво прасе, помеѓу прстите на десната предна нога. Оваа повреда се смета дека го спречила леопардот да лови природен плен. Подоцна било откриено дека пред да стане човекојадец, леопардот се хранел со телата на жртвите од колера кој ги наоѓал во шумата, поради што се навикнал на човечко месо.

Наводи

уреди
  • The Spotted Devil of Gummalapur, Nine Man-Eaters and one Rogue, Kenneth Anderson, Allen & Unwin Ltd, 1954