Леоне Бартон
Леоне Мина Бартон (англиски: Leone Minna Burton; родена Голд; 14 септември 1936 - 1 декември 2007) била професорка по образование по математика и наука на Универзитетот во Бирмингем.
Образование
уредиТаа го посетувала Универзитетот во Лондон, проучувајќи го образованието со фокус на наставата по математика. Започнала да предава на средно ниво, но не ја сакала образовната структура и методите на денот па се преместила за да одржува наставата на примарно ниво, за да има поголема можност за промена на наставната структура. Таа добила пост-дипломски сертификат за образование во 1966 година и една академска диплома за образованието во 1968 година, и двете од Универзитетот во Лондон. Во 1967 година добила пост како специјалист по математичко образование во колеџот за образование Бетерси, кој е посветен за подготовката на наставниците. Докторирала од Институтот за образование во 1980 година.
Кариера
уредиНејзиното истражување го вклучувало она што сега се нарекува област на етноматематиката, која испитува како математиката е поврзана со културата во која е таа развиена.
Била гостувачки професор во институциите во Азија. За 1984-1988 година таа била меѓународен претседател за Меѓународната Организација на Жените и Математичкото Образование. Таа ја основала монографската серија Меѓународна перспектива за математичко образование со издавачката група "Издаваштво Гринвуд" во 2001 година, која објавила три монографии помеѓу 2002-2006 година. Овие монографски серии подоцна биле преименувани во Меѓународните Перспективи за Математичкото Образование: Перцепција, Праведност и Општество, во чест на нејзината пионерска работа за праведност и родови прашања во математичкото образование, уредено од Барарат Срираман и Дона Форд, а објавено од Информејшн Ејџ Паблишинг.
Фамилија
уредиСе омажила со Џон В. Бартон во 1966 година и добиле син во 1968 година.
Наводи
уреди- Notable Women in Mathematics, a Biographical Dictionary, edited by Charlene Morrow and Teri Perl, Greenwood Press, 1998. p 25-29
- International Perspectives on Mathematics Education: Cognition, Equity and Society, edited by Bharath Sriraman and Lyn English, Information Age Publishing
- Obituary of Leone Minna Burton http://www.extra.shu.ac.uk/iowme/documents/newsletter%2022.1.doc[мртва врска]