Лена Атанасова
Лена Атанасова Ристова ( 1899 во Вратница — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
уредиОд април 1942 година учествувала во НОД. Во нејзината куќа се одржувале илегални состаноци, се чувале дел од собраните воени и други материјали за потребите на борците од Шарпланинскиот партизански одред. Повремено чувала илегалци. Од пролетта 1943 година со зголемувањето на борците на Шарпланинскиот терен, собирала народна помош. Од есента 1943 година била изложена на терор од бугарската окупаторска полиција.[1]
Наводи
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |