Лена Божинова Антевска ( 1898 во Добрача — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Орден заслуги за народ (II ред).[1]

Животопис

уреди
 
Лена Антевска е носител на Орден заслуга за народ со сребрени зраци (II ред).

Учествувала во НОД во село Жегљане. Собирала народна помош за борците на НОВ и ПОМ, негувала болни борци, подготвувала и пренесувала храна и топла облека, купувала стока и истата ја пренесувала од Куманово на слободната територија на Козјак.[1]

Посебно се истакнала во чувањето на борци во време на Мајската офанзива. Била член на Одборот на АФЖ во селото. Носител е на Орден заслуги за народ (II ред) и Пофалница за работа со жените.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 977–978.