Лебаја
Лебаја (старогрчки: Λεβαίη) ― поранешен антички град во Горна Македонија и седиште на раните македонски кралеви, споменати од Херодот.[1] Историчарот истакнува дека, според традицијата, тројца браќа Гаван, Аероп и Пердика, сите потекнуваат од Темен, избегале од Аргос кај Илирите, а потоа во Лебаја, каде му служеле на кралот. Кралот ги замолил да ја напуштат неговата територија, верувајќи во знак дека нешто големо ќе се случи со Пердика. Момчињата отишле во друг дел на Македонија, во близина на градината на Мида, над која стои планината Бермио. Таму тие го направиле своето живеалиште и полека создале свое кралство.[1] Најмладиот од браќата, Пердика, бил сметан за предок на македонските кралеви од подоцнежните времиња.
Нејзнината местоположба е неоткриена.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Херодот. Историја. 8.137.
- ↑ Ричард Талберт, уред. (2000). Барингтонски атлас на грчкиот и римскиот свет. Princeton University Press. стр. 49, и придружни белешки од директориумот.
Смит, Вилијам, уред. (1854–1857). „Lebaea“. Речник на грчката и римската географија. Лондон: John Murray.