Ларпурлартизам
Ларпурлартизам[1][2] — поим изведен од францускиот слоган L'Art pour l'art, буквално преведен уметност заради уметност. Со него се означува став или движење помеѓу некои француски уметници за кои уметноста треба да биде лишена од каква било корисност, морална порака или политичка содржина. Според нив, едноставно, уметноста треба да се создава поради самата себе, сите второстепени вредности треба да се отфрлат.
Идејата за l'art pour l'art му се припишува на Теофил Готје (1811–1872). Таа се појавува во предговорот на романот Мадмозел де Мопан од 1834:
Која е целта на музиката? За што служи сликарството? Кој би бил луд да го претпрочита Моцарт наместо г. Карел или Микеланџело наместо оној кој го изумил сенфот? Вистински убаво е само она што не служи за ништо; сè што е корисно е грдо, [...] Претпрочитам кинеска ваза, украсена со змејови и мандаринци, која за ништо не ми служи, отколку која било друга ваза.[3].
Истата идеја се обработува и од други уметници, како Едгар Алан По, за која пишува во еден есеј од 1850. По вели дека поемите се пишуваат поради самите себе, поради самата поезија, а не за да донесат некаква морална порака.
Овој слоган е всушност водечката мисла на многу француски, но и воопшто западни боемски уметници. Сепак постојат критики кон овој став, како ставот на Жорж Санд, која смета дека ова гледиште е празно и непотребно. Според Санд, уметниците имаат „должност да најдат соодветен начин да ја пренесат уметноста на што повеќе души“, така што нивните дела би биле доволно пристапни за да бидат предмет на нечиј интерес.[4]
Наводи
уреди- ↑ „ларпурлартизам“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ларпурлартизам“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Mademoiselle de Maupin, G. Charpentier, 1880 Предлошка:Lire en ligne, « Préface », 22
- ↑ Letters of George Sand, Vol 3