Лакомб Лисјен (филм)
Лакомб Лисјен (француски: Lacombe Lucien) - француски филм од 1974 година, во режија на Луј Мал (Louis Malle), кој е автор и на сценариото, заедно со писателот Патрик Модијано. Главните улоги ги играат: Пјер Блез (Pierre Blaise), Орор Клеман (Aurore Clément) и Холгер Левенадлер (Holger Löwenadler). Филмот освоил две награди „БАФТА“, а бил номиниран и за „Оскар“ за најдобар странски филм.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива за време на Втората светска војна. Лисјен (го игра Блез) е младо момче кое бара возбудувања. Откако ќе биде одбиена неговата желба да му се приклучи на Движењето на отпорот, тој случајно станува соработник на германската полиција. При посетата на кројачот-Евреин, Алберт Хорн (го игра Ловенадлер), Лисјен се вљубува во неговата ќерка Франс (ја игра Клеман). Лисјен почнува редовно да го посетува семејството Хорн при што се однесува грубо кон кројачот Алберт, кој исто така е непријателски расположен кон Лисјен. Еден ден, уморен од криењето и од постојаните закани, Алберт намерно го посетува седиштето на полицијата, каде откриваат дека е Евреин и го депортираат в логор. Подоцна, за време на рацијата, еден германски војник и Лисјен влегуваат во домот на семејството Хорн. Тогаш, Лисјен го убива војникот и се обидува да ги пренесе Франс и нејзината баба во Шпанија. Кога ќе се расипе автомобилот, тие се засолнуваат во напуштена куќа во планината, каде Лисјен и Франс минуваат неколку среќни денови. Подоцна, Лисјен е уапсен и осуден на смртна казна.[2]