Лазарева Пештера

(Пренасочено од Лазарева пештера)

Лазаревата Пештера (Злотска Пештера) е најдолгата пештера во Србија. Се наоѓа во источното подножје на Кучај. Од Злот е оддалечен 3 км , од Брестовачка Бања 14 км и од Бор 21 км. Влезот во пештерата е на надморска височина од 291 и се наоѓа на левата страна на Лазарева река. Во близина се наоѓаат голем број на спелеолошки објекти, кои заедно со оваа пештера се познати и како Злотски пештери. Од овие пештери, Лазарева е најпозната и туристички најрано уредена - туристичкото уредување на пештерата започна во 1953 година, а туристичката патека е долга 800 метри.

Лазарева Пештера
Лазарева Пештера
МестоЗлот, Бор, Србија
Должина16041 м-
(уреден дел) 800
Надм. височина291

Првите истражувања на Лазаревата Пештера ги извршил Феликс Хофман во 1882 година. Седум години по Хофман, спелеолошки истражувања објавил и Јован Цвииќ. Пештерата била изградена од подземна река која сè уште поминува низ неа. Вкупната должина на истражените канали на Лазаревата Пештера е 16.041.[1] Се проценува дека обемот на пештерски простории изнесува повеќе од 52.000 ³.

Лазаревата Пештера е прогласена за природна реткост и е заштитена како споменик на природата од 1949 година. Заводот за заштита на природата на Србија во 2005 година ја прогласил Лазаревата Пештера како објект на геонаследство на Србија. Лазаревата Пештера се наоѓа на територијата на споменикот на природата Лазаров Кањон.

Археолошко наоѓалиште уреди

Во Лазаровата пештера се наоѓа и многу значаен археолошки локалитет. Во него се откриени три праисториски културни хоризонти, од бакарното, бронзеното и железното време. Населбата од почетокот на бакарното време, најстаро во пештерата, припаѓа на културите Криводол – Салкуца – Бубањ и Коџадермен – Гумелница – Караново VI. Од овој период се пронајдени остатоци од керамички предмети и коскени алатки, како и предмети изработени од бакар (игли, копчиња, шила, длета). За време на бронзеното време, Лазаревата Пештера имала улога на ловечка станица, а во железното време станала центар на металургијата.

Живиот свет во пештерата уреди

Фосилната и денес изумрената фауна на Лазаревата Пештера е претставена со остатоци од пештерска мечка, пештерски лав и пештерска хиена. Современата фауна претставена е со троглобионтни и троглофилни организми. Меѓу троглобионтите,значајни и карактеристични се ендемските видови на членконоги. Оваа пештера ја населува и подвидот на трехини. Троглофилната фауна е претставена најмногу со лилјаци, од кои овде се забележани преку 20 видови и со пселафини.[2]

Галерија уреди

Наводи уреди

 

  1. OD GLAVE BIZONA DO DEVOJAČKE SOBE: Lazareva pećina krije VELIKE TAJNE, njena priča nikog ne ostavlja ravnodušnim Еспресо, 19.10.2019. Посетено на 26.07.2021.
  2. Амиџић, Л., Красуља, С., Белиј, С. () 2007. Заштићена природна добра Србије. Београд: Министарство заштите природне средине и Завод за заштиту природе Србије. pp. 211.

Надворешни врски уреди