Лагуна Чикабал (шпански: Laguna Chikabal) — гватемалско езеро кое е свето за Мајанскиот народ Мами. Езерото се наоѓа во близина на гратчето Сан Мартин Сакатепеквез во департманот Кецалтенанго. Како кратерско езеро, Лагуна Чикабал е формирано во кратерот на вулканот Чикабал на надморска висина од 2.712 m. Околината на езерото е магловита шума.

Лагуна Чикабал
Laguna Chicabal
Координати14°47′N 91°40′W
Видкратерско езеро
Сливни земјиГватемала Гватемала
Најг. ширина575 m км
Најг. длабочина331 m м
Надм. височина2,712 m м

Лагуна Чикабал е изграден како центар на Мам-Мајанската "космовизија", и мајанските традиционалисти сѐ уште користат неколку жртвеници на езерскиот брег. Постојат рестрикции при посета на езерото во почетокот на мај, кога маите ги слават нивните традиционални церемонии без никаково вознемирување. Поради големата духовна важност на езерото, капењето е забрането.