Лагуна Караваста (албански: Laguna e Karavastasë) – најголемата лагуна во Албанија и една од најголемите на Средоземното Море, која опфаќа површина од 42 км2. Караваста е дел од Националниот парк Дивјаке-Караваста и од Јадранското Море е одвоена со голем песочен појас. Се протега низ крајбрежната низина Мизеке близу Дивјаке и некои 20 км од Лушње.

Лагуна Караваста
Laguna e Karavastasë
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Поглед на лагуната од вселената
Место20 km од Лушње, Албанија
Координати40°55′39″N 19°29′55″E / 40.92750° СГШ; 19.49861° ИГД / 40.92750; 19.49861
Должина15,4 km (9,6 ми)
Ширина4,1 km (2,5 ми)
Површина42 km2 (16 sq mi)
Висина0 m
Воспоставен(а)1966[1]

Во Караваста има многу борови дрвја и мали песочни острови. Позната е по тоа што е населена од далматинскиот пеликан. 6,4% од европските далматински пеликани се наоѓаат во Караваста..[2][3][4] Лагуната припаѓа на екорегионот на илирските листопадни шуми од средоземните шуми и грмушки. Климата е типична средоземна.

Лагуната се наоѓа во рамките на Националниот парк Дивјака-Караваста и е признаена како моклиште од меѓународно значење според Рамсарската конвенција. Лагуната била идентификувана како важно птичје подрачје од Бердлајф интернешенел, бидејќи го населува значителен број различни птичји видови.[5][6]

Бидејќи акциите за дезинфекција одамна биле запрени, подрачјето е познато дека има многу активна сезона на комарци. Во 2014 година, акциите се обновиле и почнал проект за рехабилитација на областа. Истата вклучила мораториум на лов што ги оживеало активностите на набљудување на птици.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Bryophytes of the Karavasta Lagoon area, with new reports for Albania“ (PDF). bio.bas.bg (англиски). стр. 39. The coastal lagoon, and the forested areas (Forest of Divjaka) on the northwestern side of the lagoon, have been a National Park, and therefore a protected area since 1966.
  2. „THE COASTAL GEOMORPHOLOGY OF THE SEMANI RIVER MOUTH-KARAVSTA LAGOON IN THE SOUTHERN ADRIATIC SEA“ (PDF). balkangeophysoc.gr (англиски). стр. 152. The area well known for the Dalmatian pelican colony Pelicanus crispus which numbers some 60-70 couples, which represent 5% of the total world population of this species.
  3. „Bashkia Fier » Karavasta Lagoon“. Bashkia Fier. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2010-06-29.
  4. „ACTION PLAN FOR THE DALMATIAN PELICAN“ (PDF). ec.europa.eu (англиски). стр. 10.
  5. BirdLife International. „Karavasta Lagoon“. datazone.birdlife.org (англиски).
  6. Ramsar (September 11, 2014). „The list of wetlands of international importance“ (PDF) (англиски и шпански). Ramsar. стр. 5.

Надворешни врски

уреди