Лав Торник Контолеон

Лав Торник Контолеон [1]италијански катепан од мај до септември 1017 година. Тој првично бил стратег на Кефалонија.Како стратег, го придружувал катепанот Василиј Месародонит во Апулија во 1011 година. Василиј починал во 1016 година и Лав бил назначен за негов наследник. Во тој период, Мел повторно се кренал на бунт, овој пат со дружина составена од Нормани. Лав го испратил Лав Пасијан со армија за да го задуши бунтот. Пасијан и Мел се сретнале на реката Форторе кај Аренула. Битката била нерешена (Вилијам Апулски) или пак победа за Мел (Лав Остијски). Торник тогаш ја презел самиот командата и имал втор судир во близина на Кивите. Оваа втора битка била победа за Мел, но според Луп Протоспартиј и анонимна хроника според која било пораз. Трета битака, која била одлучувачка била победа за Мел, во близнина на Троја. Целата област од Форторе до Трани потпаднала под власта на Мел, и од оваа причина во септември Торник бил ослободен од своите должности и на негово место дошол Василиј Војоан.

Наводи

уреди
  1. In Latin language, Tornicius Condoleo; in Italian language Tornichio. The anonymous chronicler of Bari calls him Audronic, which some have taken as Andronicus. Chalandon uses the Gallicised form Contoléon.

Извори

уреди
  • Ferdinand Chalandon Histoire de la domination normande en Italie et en Sicile. Paris, 1907.
Претходник
Василиј Месародонит
Италијански катепан
May 1017– Sept. 1017
Наследник
Василиј Војоан