Лавиринт (квиз)
Лавиринт е форма на квиз кој е емитуван на Радио-телевизија Србија во недела од 16 часот.[1] Првата сезона започнала да се емитува на 22 ноември 2015 година.[2]
Лавиринт | |
---|---|
Ориг. име | Лавиринт |
Жанр | квиз |
Формат | ТВ емисија |
Автор | Урош Петровиќ |
Издавач | РТС 1 |
Водител | Дејан Пантелиќ |
Локација | Београд |
Емитовање | |
Премијерно приказивање | 22. ноември 2015 година |
Правила на квизот
уредиЦелта на натпреварувачите е успешно да излезат од лавиринтот за 12 минути. Лавиринтот се состои од неколку простории со два излеза. Натпреварувачот одговара на 3 прашања во секоја просторија: првото носи 10.000 динари, второто 20.000 динари, а третото 30.000 динари. Доколку натпреварувачот освои сума од повеќе од 30.000 динари, тој го обезбедува својот премин на следното ниво. Ако се работи за сума од точно 30.000 динари, натпреварувачот има можност да избере врата: црвена или зелена, каде што црвената врата го држи на исто ниво, а зелената води до следното. Сума помала од 30.000 динари го одржува на исто ниво. По седмата просторија натпреварувачите ги чека креаторот и чувар на лавиринтот, Урош Петровиќ, кој го поставува последното, одлучувачко прашање „на кое мал број луѓе можат точно да одговорат за кратко време“. Погрешниот одговор „го држи натпреварувачот во лавиринтот засекогаш“, додека точниот одговор го ослободува од лавиринтот со освоената сума на пари. Најголем дел од прашањата на натпреварувачот во овој квиз ги поставуваат познати личности од јавниот живот, но и историски и митски личности кои во квизот ги играат костимирани глумци. Натпреварувачите немаат никаков вид на помош, единствено што имаат на располагање е сопственото знаење. По натпреварот, креаторот на квизот, Урош Петровиќ, долгогодишниот претседател на Менса, им поставува посебно прашање на гледачите и им дава време да размислат до следната епизода.
Епизоди
уредиСезони
уредиКвизот успешно се емитувал три сезони и се здобил со популарност во одредени кругови.
- Првата сезона имала 10 епизоди ( 2015 - 2016 )
- Втора сезона - ( 2016 - 2017 ) [3]
- Трета сезона - ( 2017 ) [4]
Глумци
уреди- Стефан Ковачевиќ ( 2015 - 2017 )
- Ивана Станчев ( 2015 - 2017 )
- Петар Кокиновиќ ( 2016 - 2017 )
- Сандра Видовиќ - Мистичност
- Дејан Пантелиќ - Ди-Џеј Деки
Гости на квизот
уредиВо квизот гостуваа многу познати личности. Некои од нив се:
- Емир Бекриќ
- Оливер Млакар
- Миња Субота
- Алиса Мариќ
- Јован Мемедовиќ
- Рада Ѓуричин
- Саша Илиќ
- Богдан Обрадовиќ
- Иван Ивановиќ
- Живорад Николиќ
- Сандра Перовиќ
- Срѓан Јовановиќ
- Никола Којо
- Милорад Милинковиќ
- Ненад Гладиќ
- Драган Великиќ
- Марија Вељковиќ Миловановиќ
- Воја Анитиќ
- Слободан Шаренац
- Игор Блажевиќ
- Зефирино Грази
- Дианго Фереза
- Влада Пановиќ
- Мишко Кораќ
- Рада Ѓуриќ
- Весна Манојловиќ
- Наташа Ковачевиќ
- Соња Калајиќ
- Владимир Јелиќ
- Исак Асиел
- Јован Радовановиќ
- Неле Карајлиќ
- Милорад Капор
- Никола Петричиќ Ричи
Наводи
уреди- ↑ „Програмска шема РТС-а“. 18. 12. 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Прво емитовање квиза.
- ↑ Друга сезона.
- ↑ Трећа сезона.