ЛАЗ
ЛАЗ (украински: Львівський автобусний завод, „Лавовски автобуски завод“) е произведувач на автобуси и тролејбуси од Лавов, Украина. Кратенката „ЛАЗ“ е всушност нивното официјално име.
![]() | |
Oснована | 21 мај 1945 |
---|---|
Седиште | Киев, Украина |
Клучни личности | Игор Чуркин[1] |
Производи | автобуси, тролејбуси |
Матично претпријатие | Холдинг ЛАЗ |
Портал | www.laz.ua |

Претпријатието било меѓу најкрупните производители на автобуси во СССР и најголемиот производен капацитет во градот. Денес е приватизирано како холдинг.
Најзастапено возило на производителот е градскиот автобус LAZ-695 и неговата продолжена туристичка варијанта, LAZ-699. Во неколку градови во светот може да се забележи тролејбусот ElectroLAZ. ЛАЗ е одбран за превозник на Европското првенство во фудбал во 2012 што ќе се одржи во Украина и Полска. Украинската влада има потпишано договор за 2500 нови автобуси „CityLAZ“ со можно дополнување од уште 800.
Во последно време претпријатието ја проширува производната дејност и во САД, со нова фабрика во Њујорк.
ЛАЗ во МакедонијаУреди
Во градот Скопје сообраќаат 80 нископодни автобуси од CITYLAZ 18LF (долж. 18,6 м) како дел од обновениот возен парк на јавниот превозник ЈСП Скопје. Автобусите имаат по 28 седишта и 30 места за стоење, разладен и греен систем, електронски информатор за граѓаните, дигитален тахограф за работа, автоматски менувач и електронска рампа за лица со посебни потреби[2].
МоделиУреди
Еве список на возилата што се произведуваат во заводот:
|
|
ГалеријаУреди
LAZ 699 во Русија
LAZ 52528 во Лавов
CityLAZ 12 во Полска
НаводиУреди
- ↑ ТОП - друштвото за управување
- ↑ „Промотивно возење на првите 15 украински автобуси во Скопје“. Министерство за транспорт на РМ. 22 февруари 2011. Посетено на 30 јуни 2011.
Надворешни врскиУреди
„ЛАЗ“ на Ризницата ? |
- Службена страница на ЛАЗ (руски) (англиски) (српски)