Куќа на Чокалови
стара куќа во Велес
Куќа на Чокалови — стара куќа во градот Велес од времето на Македонската преродба. Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија во 1964 г.[1][2][3]
Куќа на Чокалови | |
---|---|
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | преродбенички |
Град | Велес |
Земја | Македонија |
Завршена | 1868 |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Историја
уредиКуќата е сместена во населбата Прцорек, на ул. „Јован Наумов Алабакот“ бр. 7. Изградена е околу 1868 година во месноста Варналиите. Во нејзиното соседството се други знаменити домови како Куќата на Паунови (бр. 10), Куќата на Тренчови (бр. 5) и Куќата на Прнарови (бр. 3) со кои образува впечатлив комплекс.[1][3]
Оваа градба, како и другите во комплексот, е карактеристичен претставник на традиционалната староградска архитектура во Велес од XIX век. Има забележително убави резбани тавани и други елементи својствени за традиционалното градителство.[1][3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Печков, Петар (16 март 2015). „Потребна е целосна реконструкција а не само нови фасади на куќите кај Варналиите“. Ти Реков Ми Рече - Сè за мојот Велес.
- ↑ „Куќата на Паунови и Тренчови“. Центар за дигитализација на националното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-24. Посетено на 23 септември 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Светиева, Анета (1992). Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. стр. 249.