Куќа на Климент Талев

куќа и споменик на културата во Охрид

Куќа на Климент Талев — стара куќа во градот Охрид прогласена за културно наследство на Македонија.[1] Градбата е заведена како Споменик на културата под називот Куќа на ул. „Климент Охридски“ бр. 66.[2] Куќата е сместена на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 60.

Куќа на Климент Талев
Куќата во 2022
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласичен
Адресаул. „Климент Охридски“ бр 60
ул. „Климент Охридски“ бр 64 (стара адреса)
ул. „Климент Охридски“ бр 66 (стара адреса)
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXX век
Технички податоци
Катови2

Историја

уреди

Изградена е во периодот меѓу двете светски војни од непознати мајстори.[1]

Архитектура

уреди

Градбата изобилува со елементи на неокласичната архитектура. Се состои од приземје и кат — по краевите на фасадата има пиластри, а околу прозорците има украсни шамброни. Приземјето е изградено со наизменична ѕидарија — еден ред бигор, два реда тула. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Отворите на приземјето се големи и правоаголни, а на катот се исто така правоаголни, но помали. Покривниот венец е со плитка профилација. Покривот е на три води со традиционална ќрамида-каналица.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул. Св. Климент Охридски бр. 66“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 1 октомври 2017.
  2. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 30 август 2022.