Куќа на Крапчевци
куќа и споменик на културата во Охрид
(Пренасочено од Куќа на Иван Каневче)
Оваа статија се однесува на куќа во Охрид. За куќата во Струга, погл. Куќа на Каневчеви (Струга).
Куќата на семејството Каневчеви (Крапчевци) ― староградска куќа во Охрид, заведена како Културно наследство на Македонија под името Куќа на ул. „Маршал Толбухин“ бр. 2.[1] Куќата се наоѓа веднаш на југ од црквата Св. Софија.
Куќа на Крапчевци | |
---|---|
Куќата на Крапчевци во 2021 година | |
Општи податоци | |
Вид | Куќа |
Стил | Староградска архитектура |
Место | Охрид, Македонија |
Адреса | ул. „Илинденска“ бр. 32 ул. „Маршал Толбухин“ бр. 2 (стара адреса) |
Завршена | втора половина на XIX век |
Историја
уредиКуќата била изградена во втората половина на XIX век. Овде мајсторите-градители постигнале вистинска хармонија во градбата со неправилна основа што има приземје и два ката од кои секој нареден е поширок од претходниот. Нивната виртуозност особено доаѓа до израз на западната, челна фасада на куќата, при обработката на тимпанот како силна завршница на градбата каде што се чувствуваат извесни барокни влијанија.
Галерија
уреди-
Западната страна на куќата во 2005 година
-
Куќата во мај 2011 година
-
Куќата гледана од северозапад во август 2011 година
-
Куќата во 2013 година
-
Куќата во 2014 година
-
Северната страна на куќата во 2021 година
-
Јужната страна на куќата во 2022 година
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 30 август 2022.
Надворешни врски
уреди- Национален регистар на градби кои се културно наследство (Ажуриран список согласно до 31 декември 2012 година)
- Управа за заштита на културното наследство
- Управа за заштита на културното наследство (архивирана страница)