Куќа на Гоговци (Лерин)

куќа во Лерин, Егејска Македонија

Куќа на Гоговци (грчки: Οικία Γκώγκου) — куќа во градот Лерин, Егејска Македонија, прогласена за споменик на културата.[1]

Куќа на Гоговци
Οικία Γκώγκου
Куќата на Гоговци (најлево). Десно е катедралата „Св. Пантелејмон
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласицизам, еклектизам
ГрадЛерин, Егејска Македонија
ЗемјаГрција
Координати40°46′41″N 21°24′20″E / 40.7781° СГШ; 21.4056° ИГД / 40.7781; 21.4056
ЗавршенаXX век
Технички податоци
Катови2

Куќата се наоѓа во градскиот центар (Варошот). Сместена е на улица „Тагматархис Фуледакис“ бр. 2, на раскрсницата со булеварот „Елевтерија“. Предницата гледа во Сакулева Река. Изградена е на почетокот на XX век. Нејзин сопственик бил Атанас Гогов. Архитектурата е успешен спој од неокласични и еклектични елементи.[1]

Во 1996 г. куќата е прогласена за споменик на културата.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „ΥΑ ΥΠΕΧΩΔΕ/5922/15-11-1996 - ΦΕΚ 1362/Δ/22-11-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-06-25. Посетено на 24 јуни 2020.