Куќа во Ул. Вук Караџиќ 10

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Куќа во Ул. Вук Караџиќ 10, во Сремска Митровица, е куќа која била изградена кон крајот на 18 век и претставува недвижно културно богатство како споменик на културата. Припаѓала на семејството Бајиќ, а денес се наоѓа како дел од постојаната поставка на Сремскиот музеј.

Сремска Митровица
Лапидариум

  Зградата претставувала колекција од камени споменици и саркофази, од кои повеќето се стари над 1.500 години. Во рамките на овој лапидариум се наоѓал Центарот за археолошки истражувања.

Лапидариум

уреди

Централното место во внатрешниот двор, до кое се стигнува со поминување низ хаусторот полн со антички надгробни споменици, има сончев часовник. Извајан е од грчки вајари и астрономи, а користен бил и мермер од Брач.[1]

Засега ова е единствената скулптура што ги прикажува Атлас и митските суштества Херкулес и Ификле. Сите тие заедно го поддржуваат сводот кој сега е стар над 1.900 години. Сончевиот часовник е пронајден при копање на темели за куќа .

Сводот е всушност школка чии бразди ги претставуваат часовите, а засекот на врвот ја претставувал географската ширина на Сирмиум, тогашен главен град на префектурата Илирик. На 27 март, сенката секогаш паѓала на резот и го означувала почетокот на новата година во тогашниот Сирмиум.

Голем број експонати не се јасно дефинирани бидејќи се пронајдени во скршена состојба. На експонатите можело да се најдат птици, риби, грифини, лавови... Во колекцијата имало десетици саркофази. Некои биле наменети за семејства, некои за поединци, а некои за мали деца и доенчиња. Најдобро зачуваниот саркофаг е пронајден пред 90 години во близина на железничката станица. Станувало збор за сакрофаг на брачна двојка од III век пронајден на длабочина од едвај 30 сантиметри.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Sunčani sat u lapidarijumu Muzeja Srema“. Trip blog. Архивирано од изворникот на 07. 08. 2018. Посетено на 2. 8. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски

уреди