Куширо Хајаши
Куширо Хајаши (林忠四郎) (роден 25 јули 1920 - почина на 28 февруари 2010 во Кјото) беше јапонски астрофизичар. Хајаши патеката од Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм е наречена по него.
Куширо Хајаши | |
---|---|
Роден(а) | 25 јули 1920 |
Починал(а) | 28 февруари 2010 Кјото |
Националност | Јапонец |
Полиња | астрофизичар |
Установи | Кјото универзитет |
Образование | Универзитет Токио |
Влијание од | Јукава |
Поважни награди | „Едингтон медаља“ во 1970 „Кјото награда“ во 1995 „Брус медаља“ во 2004 |
Има добиено „Едингтон медаља“ во 1970 година, „Кјото награда“ во 1995, и „Брус медаља“ во 2004 година.
Докторирал физика на Универзитетот во Токио во 1942 година. Работи како истражувач на универзитетот Осака. Направил измени во биг бенг нуклеосинтетичкиот модел.[1] Негово најпознато дело се астрофизичките пресметки кои довеле до Хајаши патеката од ѕвездениот развој,[2] како и Хајаши ограничувањето кое поставува ограничување на полупречникот на ѕвездите. Се занимавал и со проучување на кафеавите џуџиња, најмалите ѕвезди.[3]
Хајаши се пензионирал во 1984 година. Почина на 28 февруари 2010 година во Кјото.[4]
Наводи
уреди- ↑ Hayashi, C. (1961). „Proton-neutron concentration ratio in the expanding Universe at the stages preceding the formation of the elements“. Progress of Theoretical Physics (Japan). 5: 224–235. doi:10.1143/PTP.5.224.
- ↑ Hayashi, C. (1961). „Stellar evolution in early phases of gravitational contraction“. Publ. Astron. Soc. Jap. 13: 450–452.
- ↑ Hayashi, C.; T. Nakano (1963). „Evolution of Stars of Small Masses in the Pre-Main-Sequence Stages“. Progress of Theoretical Physics. 30 (4): 460–474. doi:10.1143/PTP.30.460.
- ↑ „Award-winning Japanese astrophysicist Hayashi dies at 89“. Kyodo. 1 март 2010. Посетено на 1 март 2010.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Страница на „Кјото наградите“ Архивирано на 1 мај 2005 г.
- Страница на „Брус медаља“
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |