Кучиња скитници (филм)
Кучиња скитници (англиски: Stray Dogs) - тајванско-француски филм на тајванскиот режисер Цаи Минг Лианг од 2013 година. Главната улога ја игра Ли Канг Шенг.
Содржина
уредиФилмот го прикажува животот на еден татко и неговите две малолетни деца кои едвај преживуваат во Тајпеј. Таткото работи како подвижна реклама на главните крстосници на Тајпеј, постојано изложен на силен ветар и дожд, а неговите деца преживуваат преку користење бесплатни рекламни примероци и храна со поминат рок што ја наоѓаат во големите продавници. Притоа, секоја ноќ, семејството наоѓа засолниште во некоја напуштена зграда. Еден ден, во нивните животи влегува една непозната жена која им носи малку топлина и замена за нормалното семејно секојдневие.
Критички осврт кон филмот
уредиФилмот се одликува со вообичаениот бавен и контемплативен стил на режисерот и долги и статични секвенци. Цаи Линг не раскажува приказни, туку слика тела врз напуштени пејзажи. Неговите долги кадри претставуваат фрески на ништожноста, а нивното повторување создава бесконечен тек на свеста во кој гледачот е повикан да ги пополни намерните дупки во нарацијата. Тоа авторот го прави со бројни слики, со нијанси со тишина, со празни места и преку набљудување на лицето и на телото на Ли Канг Шенг (во улога на таткото). Така, Цаи Лианг ја истражува суштината на човековото постоење, како и границите на филмскиот јазик.[1]
Наводи
уреди- ↑ Ѓорѓи Јаневски, „Кучиња скитници“, Економија и бизнис, година 18, број 216, јуни 2016, стр. 106-107.