Кулски манастир
Кулски манастир „Воздвижение на Чесниот Крст“ или „Св. Јован Претеча“ (грчки: Ιερά Μονή Τιμίου Σταυρού Παλαιοκάστρου, Μονή της Κούλας) — црква и поранешен манастир кај селото Кула, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Кулски манастир | |
---|---|
Воздвижение на Чесниот Крст | |
Μονή της Κούλας | |
41°10′39.4″N 23°25′38.6″E / 41.177611° СГШ; 23.427389° ИГД | |
Место | Кула, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Изградба | 1879 - 1880 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа на 3 км северно од Кула, на падините на планината Шарлија. На 200 м над манастира има свет извор.[2]
Историја
уредиСпоред камениот ктиторски натпис манастирот е изграден во 1879 - 1880 г. и почнал да работи на 10 февруари 1880 г. Ктитори се Константинос Дакос и сопругата Дафни Кулели, жители на серското маало Каменица по потекло од Кула.[1][3]
За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908) манастирот станал упориште на андартите кои војувале со четите на МРО. На 6 јуни 1906 г. македонска чета го убила чуварот на манастирот Мита Кепа[4] од Савек.[2]
На 6 јули 1907 македонска чета и егзархисти од околните села наполно го изгореле манастирот, при што останала само црквата, која до денес е единствената градба.[4][5][6]
Храмот е обновен во 1935-1937 г. од ќерката на Константинос Дакос, Анастасија и жени од Каменица.[2]
Архитектура
уредиМанастирот бил мал. Црквата има димензии од 14,25 × 6,75 м. Покривот е двоводем со засеци на исток и запад, покриен со ќерамиди. На краевите има железни крстови. Ѕидаријата е од камен, со дебелина од 0,74 м. Северниот дел на храмот е вкопан. Апсидата на исток е полукружна. Има само един влез од запад, четири прозорци на јужниот ѕид и едно округло окно над апсидата. Подот е нов. Иконостасот е изработен во 1935-1937 г. Најастарата икона е онаа на Свети Илија со натпис „1883“. Останатите икони заедно со царските двери се од времето на обновата на манастирот во 1930-тите.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Αψηλίδης, Γεώργιος Ν (1998). „Η ιερά μονή Αγίου Προδρόμου (Τιμίου Σταυρού) Παλαιοκάστρου και τα γεγονότα της πανήγυρης του 1904“ (PDF). Σερραϊκά Χρονικά. 13: 117.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Αψηλίδης, Γεώργιος Ν (1998). „Η ιερά μονή Αγίου Προδρόμου (Τιμίου Σταυρού) Παλαιοκάστρου και τα γεγονότα της πανήγυρης του 1904“ (PDF). Σερραϊκά Χρονικά. 13: 119.
- ↑ „Ιστορικό Ημερολόγιο Σερρών“ (PDF). Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Посетено на 5 декември 2014.
- ↑ 4,0 4,1 Αψηλίδης, Γεώργιος Ν (1998). „Η ιερά μονή Αγίου Προδρόμου (Τιμίου Σταυρού) Παλαιοκάστρου και τα γεγονότα της πανήγυρης του 1904“ (PDF). Σερραϊκά Χρονικά. 13: 118.
- ↑ „Σαν σήμερα... 06/07“. aposerres.gr. Архивирано од изворникот на 2016-04-05. Посетено на 1 јули 2014.
- ↑ Ιερά Μονή Τιμίου Σταυρού (ή Κούλας) στο Παλαιόκαστρο Σερρών[мртва врска]