Кубен инч
(Пренасочено од Кубен палец)
Кубниот инч, кубен цол[1] или кубен палец (cu in, in³, ин³) е мерна единица за зафатнина во империјалниот и американскиот мерен систем. Претставува простор што зафаќа една коцка со страна од 1 инч.
Оваа мерка, заедно со кубната стапка сè уште е мошне распространета во САД, макар што единиците за зафатнина од системот SI како литарот, милилитарот и кубниот метар исто така наоѓаат широка примена во производството и високата технологија. Работната зафатнина на моторите во САД денес се изразува претежно во метрички единици, со ретки исклучоци.
Една кубна стапка е еднаква на 1.728 ин³ (123 = 1.728).
Во други единици
уреди1 кубен инч (земајќи го меѓународниот инч) е еднаков на:
- 0.000578703703703 кубни стапки (1 кубна стапка = 1.728 ин³)
- ~1 супена лажица (1,0 амер. галон = 256 амер. супени лажици = 231 ин³)
- ~0,554112552 амер./англ. течни унци
- ~0,069264069 амер./англ. чашки
- ~0,000465025413 амер./англ. шиници (бушели)
- ~0,004329 амер. галони (1,0 галон = 231 cu in exactly [3 ин × 7 ин × 11 ин])
- ~0,00010307 барели сирова нафта (1,0 барел = 42 галони по дефиниција, или 9,702 ин³)
- точно 0,016387064 литри (1,0 литар = 61,0237440947323 ин³)
- точно 16,387064 милиметри или кубни сантиметри (кои се пак 0,061 ин³)
- точно 0,000016387064 кубни метри (1,0 м3 = ~61.023,74 ин³)