Крсте Чачански
Крсте Чачански (25 септември 1949 - 13 јуни 2003) е поет, раскажувач и романописец. Роден е во с. Драслајца, Струшко. Завршил Филолошки факултет во Скопје.[1]
Во негова чест од 2011 до 2019 година Културниот центар „Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност „Бранувања“ ја доделувале наградата „Крсте Чачански“.
Книжевно творештво
уреди- Бреговина (поезија, 1972)
- Писма (раскази, 1982)
- Бермудски триаголник (раскази, 1992)
- Лавиринт (поезија, 1992)
- Божјиот сон (роман, 1994)
- Азбукар (поезија за деца, 1995)
- Сенката на лилјакот (роман, 1997)
- Индиго и Квазар (раскази, 1999)
- Книга на небото (роман, 2000)
Награди
уредиДобитник е на наградите: „Мисла“, „Рациново признание“, „Стале Попов“, „Гоцева повелба“ и „Живко Чинго“.
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 282.