Крис Ајзак (роден 26 јуни 1956[1]) е американски рок-музичар и повремен глумец

Крис Ајзак
Животописни податоци
Родено имеКристофер Џозеф Ајзак
Роден(а)26 јуни 1956(1956-06-26)(68 г.)
Stockton, California
Жанровирокенрол
ЗанимањаТекстописец, музичар, глумец
ИнструментиВокал, гитара
Период на активност1984–сè до денес
ИздавачиWarner Bros. Records
Мреж. местоwww.chrisisaak.com

Детсво

уреди

Крис Ајзак е роден во Стоктон, Калифорнија[1], син на Дороти, работничка во фабрика за преработка на компири, и Џо Ајзак, возач на виљушкар.[2] Мајка му на Ајзак е Американка со потекло од Џенова, Италија[1]. Татко му на Ајзак е исто така Американец, но со потекло од Германија.

Кариера

уреди

Во 1984 Ајзак потпиша договор со издавачката куќа Warner Bros records за издавање на неговиот прв албум SILVERTONE[1]. Песните “Gone Riding” и “Living for your lover” од неговиот прв албум беа дел од саундтракот од култниот филм на Дејвид Линч ,,Синото кадифе”.Сликите во неговиот втор албум, „Искак А.“ , кој го нарекол по себе биле фотографирани од модниот фотограф Б.В.. Договорот на Ајзак со Warner Bros records беше обновен во 1988 година. Негова најпозната песна е ,,Wicked Game”[1]. Песната беше пуштена во етерот во 1989 година како дел од албумот Heart Shaped World. Инструменталната верзија од истата песна подоцна во 1990 година беше дел од саундтракот во филмот на Дејвид Линч ,,Див во срцето”. Ли Чеснат, музички директор во еднарадио станица во Атланта, кој бил опседнат со филмовите на Линч, ја пуштал вокалната верзија на ,,Wicked game”, и набргу таа песна станала најбаранта песна на радио станицата. Чеснат ова пренел и на другите радио станици низ државата за да подоцна во февруари 1991 година песната влезе во Националата Топ 10 листа во Америка. Спотот за песната беше режиран од Херб Ритс и беше главен хит на музичките телевизии MTV и VH1. Спотот е снимен во црно – бела техника, во него се појавуваат Крис Ајзак и Данскиот супермодел Хелена Кристенсен како се тркалаат по плажата, прегрнувајќи се и шепотејќи си на уво. Друг спот на истата кој е помалку емитуван е режиран од Дејвид Линч. Спотот е снимен со сцени од неговиот филм ,,Див во срцето”. Wicked game исто така оди и како песна во позадина во рекламата за Јагуар X-… во 2001 година. Во 1995 година Ајзак го напушти неговиот долгогодишен гитарист Џејмс Келвин Вилси, и таа година на турнејата за неговиот албум Forever Blue му се придружи гитаристот Хершел Јатовиц. Во 1999 песната ,,Baby did a bad, bad thing“ е дел од саундтракот во последниот филм на Станли Кјубрик ,,Широко затворени очи” каде што главните улоги ги толкуваат Том Круз и Никол Кидман. Песната е од неговиот албум „.Forever Blue..“ од 1995 година. Спотот за песната е режиран од Херб Ритс и е снимен во боја, во спотот се појавуваат Крис Ајзак и францускиот модел Лаетиција Каста. Ова беше втора соработка меѓу Ајзак и Ритс. Ајзак ја компонира шпицата за американското ,, Ноќно ток шоу со Крег Килборн. Во 2001 година Ајзак започна со свое тв шоу, кое се викаше ,,Крис Ајзак шоу. Шоуто се емитуваше на Американската телевизија ,,Showtime” од март 2001 година до март 2004 година. Во ова комично шоу за возрасни главни улоги беа Крис Ајзак и неговиот бенд и заплетите на епизодите беа засновани на животот позади кулисите на Крис Ајзак. Во 2004 година песната на Ајзак ,,Two hearts” е дел од саундтракот на филмот ,,Потера по слобода” во кој главните улоги ги толкуваат Менди Мур и Метју Гуд. Истата песна се појавува и во одјавната шпица на филмот ,,Вистинска Романса” во 1993 година кој е режиран од Тони Скот и сценариот е напишано од Квентин Тарантино, а главните улоги ги толкуваат Кристијан Слејтер и Патриша Аркет. Ајзаковиот долгогодишен продуцент Ерик Јакобсен работеше со него 15 години. Ајзак престана да работи со Јакобсен во 2002 година за време на снимањето на албумот ,,Always got tonight”. Во 2007 година Ајзак и неговиот бенд работеа како предгрупа на концертите на Стеви Никс во нејзината ,,Crystal Visions” турнеја. Ајзак е рангиран на 68-то место за најсекси музичари според Vh1 телевизијата. Во 2009 година Ајзак соработуваше со Џ.Ш. за време на снимањето на албумот ,,Mr. Lucky”. Ајзак скоро го издаде албумот Beyond the Sun, кој е сниман во Мемфис, Тенеси, во САД. Во студиото на Sun Records. Ајзак во 2002 година на едно интервју откри дека свири со гитара од брендот GIBSON специјално изработена за него.

Глумечка кариера и др. Ајзак исто така се има појавено и во неколку филмови, воглавно има играно мали споредни улоги, и покрај тоа ја има толкувано една од главните улоги заедно со Кијану Ривс и Бриџит Фонда во филмот ,,Малиот Буда” режиран од Бернардо Бертолучи. Исто така ја има толкувано главната улога во филмот на Дејвид Линч ,, Twin Peaks: Fire walk with me”(1992). Други филмови во кои Ајзак се има појавено: ,,Мажена со Мафијата”(1988), ,,Тишината на јагнињата”(1991), ,,Тоа што гоправиш”(1996) и ,,Валкан срам”(2004). Ајзак беше главна улога и ,,Шоуто на Крис Ајзак”(2001 – 2004). Во шоуто беа присутни и неговиот бенд како и многу славни личности. Тој исто така се појави и во славната серија ,,Пријатели” во епизодата именувана како ,,Епизодата после супербоулот, прв дел”; како и во минисеријата на телевизијата HBO , ,,Од земјата до Месечината”, толкувајќи ја улогата на астронаутот ЕД Вајт, првиот астронаут кој ја напуштил својата капсула во вселената. Ед подоцна загина во пожарот на капсулата Аполо 1. Биографскиот канал во Америка го сними и го емитуваше сериското шоу ,,Еден час со Крис Ајзак” во 2009 година. Во премиерата на серијата учествуваше и Триша Јирвуд, и ја прикажаа привата изведба на песната ,,Breaking Apart”- Дует од албумот на Ајзак ,,Mr. Lucky”. Други гости кои се појавија во серијата се:Stevie Nicks, Smashing Pumpkins, Chicago, Glen Campbel, Michael Buble, Yusuf Islam(Cat Stevens) и Jewel.

Дискографија на Крис Ајзак:

уреди
  • Silvertone (1985)
  • Chris Isaak (1986)
  • Heart Shaped World (1989)
  • Wicked Game (1991)
  • San Francisco Days (1993)
  • Forever Blue (1995)
  • Baja Sessions (1996)
  • Speak of the Devil (1998)
  • Always Got Tonight (2002)
  • Christmas (2004)
  • Best of Chris Isaak (2006)
  • Live in Australia (2008)
  • Mr. Lucky (2009)
  • Live at the Fillmore (2010)
  • Beyond the Sun (2011)

Филмографија на Крис Ајзак:

уреди
  • Married to the Mob...The Clown (1988)
  • The Silence of the Lambs...SWAT Commander (1991)
  • Twin Peaks: Fire Walk with Me...Special Agent Chester Desmond (1992)
  • Little Buddha...Dean Conrad (1993)
  • Grace of My Heart...Matthew Lewis (1996)
  • That Thing You Do!...Uncle Bob (1996)
  • Blue Ridge Fall...Emerson Cotswold (1999)
  • A Dirty Shame...Vaughn Stickles (2004)
  • The Informers...Les Price (2009)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Strong, Martin C. (2000). The Great Rock Discography (5th ed.). Edinburgh: Mojo Books. pp. 480–481. ISBN 1-84195-017-3.
  2. Rocca, Jane (30 November 2017). „Chris Isaak: The longest relationship I've been in is with my band“. The Sydney Morning Herald. Посетено на 30 March 2023.

Надворешни врски

уреди