Кристијан Тилеман

Кристијан Тилеман (роден на 1 април 1959 година) ― германски диригент. Моментално е главен диригент на Државна капела „Дрезден“ и назначен е за музички режисер на Берлинската државна опера (Staatsoper Unter den Linden).[1]

Тилеман во 2015 година

Биографија и кариера

уреди

Тилеман го имал своето деби во Соединетите Држави за време на сезоната 1991-1992 во новата продукција на Штраусовата Електра во Сан Франциско. Следеле ангажмани во Метрополитен операта во Њујорк. Во 1997 година, тој станал музички режисер на Германскта опера „Берлин“ (Deutsche Oper Berlin). Во извештајот од 2000 година се наведува дека Тилеман требало да ја напушти Германската опера во 2001 година поради уметнички судири со тогашниот уметнички директор Удо Цимерман.[2] Тилеман останал таму до 2004 година, кога поднел оставка поради судири во врска со финансирањето на градот Берлин помеѓу Германскта опера и Берлинската државна опера.[3]

Тилеман станал главен диригент и музички режисер на Минхенската филхармонија во септември 2004 година. Тој се повлекол од функцијата во Минхен во 2011 година, по споровите со раководството на оркестарот околу конечното одобрување на изборот на гости диригенти и програми за оркестарот.[4]

Тилеман бил уметнички директор на Велигденскиот фестивал во Салцбург од 2013 до 2022 година. Во јануари 2023 година, Тилеман се вклучил како замена за диригент за итни случаи за Даниел Баренбојм.

Во 2003 година, Тилеман бил награден со Орден за заслуги на Сојузна Република Германија.[5] Во октомври 2011 година, тој добил почесно членство на Кралската академија за музика во Лондон. Во 2015 година, Тилеман ја освоил Наградата „Ричард Вагнер“ на Лајпциг. Во 2019 година, тој го направил своето прво диригентско појавување на Новогодишниот концерт со Виенската филхармонија,[6][7] и повторно го диригирал концертот во 2024 година.[8]

Наводи

уреди
  1. Staatsoper Unter den Linden (27 септември 2023). "Christian Thielemann wird neuer Generalmusikdirektor der Staatsoper Unter den Linden". Соопштение за печат. Архивирано на 27 септември 2023 г.
  2. Denis Staunton (29 октомври 2000). „Berlin's maestros out of tune in race row“. The Observer. Посетено на 15 јануари 2024.
  3. Kate Connolly (18 мај 2004). „Berlin opera chief quits in cash row“. The Daily Telegraph. Посетено на 15 јануари 2024.
  4. "Intrigantenstadel" – Philharmoniker ausgebuht“. Süddeutsche Zeitung. 16 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 21 декември 2009. Посетено на 15 јануари 2024.
  5. Senatskanzlei (25 септември 2003). „Wowereit überreicht Generalmusikdirektor Thielemann Bundesverdienstkreuz“. Press release by the State of Berlin. Архивирано од изворникот на 2 април 2012. Посетено на 15 јануари 2024.
  6. Tosic, Ljubisa (1 јануари 2019). „Thielemann überzeugt als Debütant des Neujahrskonzerts“. Der Standard. Посетено на 15 јануари 2024.
  7. „New Year's Concert 2019 / Thielemann“. Виенска филхармонија. 1 јануари 2019. Посетено на 15 јануари 2024.
  8. Wiener Philharmoniker. „New Year's Concert 2024 to be conducted by Maestro Christian Thielemann“. Посетено на 15 јануари 2024.

Надворешни врски

уреди