Кримински мост
мост во Населичко, Егејска Македонија
Кримински мост (грчки: Γεφύρι του Κριμηνίου) — стар камен мост во Населичко, Егејска Македонија. Ја преминува реката Праморица на патот кој ги поврзува селата Кримин со Цотил.[1][2]
Кримински мост Γεφύρι του Κριμηνίου | |
---|---|
Координати | 40°13′20.6″N 21°17′30.9″E / 40.222389° СГШ; 21.291917° ИГД |
Преминува | Праморица |
Место | Кримин, Населичко, Егејска Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 45 м |
Ширина | 3,7 м (денес) 2,7 м (првобитно) |
Висина | 5,6 м |
Најдолг распон | 6,8 м |
Распони | 3 (денес) 5 (првобитно) |
Историја | |
Завршен | 1802 |
Местоположба | |
Мостот има камена петсводна конструкција. Изграден е во 1802 г. со средства на попот Стерјо од Кримин со попадијата. Му се припишува на познатиот градител Калфа Вранга, но веродостојноста на овој податок е неутврдена бидејќи нему му се припишуваат голем број градби.[1]
На 3 септември 1947 г. два лака се дигнати во воздух. Мостот е проширен и покриен со бетонски плочи широки 3,7 м, покриен со асфалт е и по него сообраќаат моторни возила.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Γεφύρι Του Κριμηνίου“. www.petrinagefiria.com. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Αφιέρωμα στο Κριμήνι Βοΐου & στο Πεντάτοξο Γεφύρι του“. Πολιτιστικός Σύλλογος Τσοτυλίου. 28 март 2018. Посетено на 22 декември 2020.