Крвава гулапка
Крвава гулапка (латински Russula sanguinaria), позната и како крвава кршлива печурка, е впечатливо обоена габа од родот Гулапка.Таа е светло-крвавоцрвена, не се јаде и расте во симбиоза со четинари. Претходно била нашироко позната под името Russula sanguinea.
Крвава гулапка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Габи |
Оддел: | Столпчести габи |
Класа: | Агарикомицети |
Ред: | Гулапковидни |
Семејство: | Гулапки |
Род: | Гулапка |
Вид: | Крвава гулапка |
Научен назив | |
Russula sanguinaria (Schumach.) Rauschert. (1989) | |
Синоними | |
Крвава гулапка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Fungi |
Колено: | Basidiomycota |
Класа: | Agaricomycetes |
Ред: | Russulales |
Семејство: | Russulaceae |
Род: | Russula |
Вид: | R. sanguinaria
|
Биномен назив | |
Russula sanguinaria (Schumach.) Rauschert. (1989)
| |
Синоними | |
Крвава гулапка | |
---|---|
жабри на химениум | |
шапката е конвексна или вдлабната | |
химениумот | |
дршката е гола | |
отпечаток од спори е крем боја | |
јадливост: нејадлива |
Таксономија
уредиКрвава гулапка за прв пат била опишана како Agaricus sanguinarius од Хајнрих Кристијан Фридрих Шумахер во 1803 година, и повторно опишана под нејзиното сегашно биномно име од микологот Стефан Раушерт во 1989 година. Agaricus sanguinea била опишана и од Булијард и преименувана во Russula sanguinea од Елиас Магнус Фрис.
И специфичните епитети sanguinaria и sanguinea се изведени од латинскиот збор sanguis („крв“), референца за бојата на печурката.[1] Според Дејвид Арора во 1986 година, не е јасно дали овој европски вид е ист како американскиот вид Russula rosacea.[2] Според теренскиот водич од 2012 година, тие се исти.[3]
Опис
уредиЦврстата шапка расте до 10 см во пречник. Отпрвин е конвексна, но подоцна се израмнува, а понекогаш станува во облик на чинија кога ќе созрее. На почетокот има светло-крвоцрвена или розова боја, малку бледнее со возраста и често има побледи области. Кожата на шапката се лупи само на рабовите.
Ливчињата се прилично густи, тесни прираснати или благо се спуштаат низ дршката, бели или малку жолтеникаво нафрлани.
Дршката е цврста валчеста, прилично набрчкана отпрвин полна, потоа преградесто шуплива повремено бела, но почесто зацрвенета како бојата на шапката.Нараснува висока од 3-7 см. и дебела од 0,5 до 2,5 см.
Месото е тврдо, подоцна кревко, бледо, има склоност да пожолтува, мирисот е овошен благ, вкусот многу лут или горчлив на јазикот.
Спорите се тркалезни, шилесто брадавичести, 7,5 -10 x 6,5-8,5 микрометри. Отпечатокот од спорите е исто така крем до бледо окер.
Хемиски реакции, месото со железен сулфат станува црвено како месо, со фенол станува кафеаво, со феноланилин и месото и ливчињата стануваат отпрвин винско црвени, потоа виолетови и најнакрај пурпурноцрни, додека со алфанафтол месото посинува.
Слични видови
уреди- Russula helodes е макроскопски идентичен, но има тенденција да го фаворизира Sphagnum мов во четинарни шуми и е многу поредок.
- Бесна гулапка (Schaeff.) Pers. расте во истото живеалиште и има светло црвена шапка. Многу е ронлива и кревка.
Повеќето од другите вообичаени светло-црвени видови Гулапка растат со листопадни дрвја.
Распространетост и живеалиште
уредиКрвава гулапка се појавува во лето и есен, по четинарни шуми, често со бор, на песочни почви.[4]
Јадливост
уредиОваа печурка не може да се јаде,[5] има „пиперкаст“ вкус, а понекогаш е и прилично горчлив. Многу Гулапка со сличен вкус се отровни кога се јадат сирови. Симптомите се главно гастроинтестинални по природа, дијареа, повраќање и колични стомачни грчеви. Активниот агенс не е идентификуван, но се смета дека се состои од сесквитерпени, кои се изолирани од Russula sardonia,[6] и сродниот род Lactarius.[7]
Галерија
-
Примерок собран во Union Creek, Jackson Co., Орегон, САД.
Наводи
уреди- ↑ Nilson S & Persson O (1977). Fungi of Northern Europe 2: Gill-Fungi. Penguin. стр. 118. ISBN 0-14-063006-6.
- ↑ Arora, David (1986). Mushrooms demystified: a comprehensive guide to the fleshy fungi (2. изд.). Berkeley: Ten Speed Press. стр. 653. ISBN 0-89815-169-4.
- ↑ Davis, R. Michael; Sommer, Robert; Menge, John A. (2012). Field Guide to Mushrooms of Western North America. Berkeley: University of California Press. стр. 115–116. ISBN 978-0-520-95360-4. OCLC 797915861.
- ↑ Thomas Laessoe (1998). Mushrooms (flexi bound). Dorling Kindersley. ISBN 0-7513-1070-0.
- ↑ Phillips, Roger (2010). Mushrooms and Other Fungi of North America. Buffalo, NY: Firefly Books. стр. 152. ISBN 978-1-55407-651-2.
- ↑ Andina D. et al. (1980). "Sesquiterpenes from Russula sardonia." Phytochemistry 19: 93–97
- ↑ Benjamin, Denis R. (1995). Mushrooms: Poisons and Panaceas — a Handbook for Naturalists, Mycologists and Physicians. New York: WH Freeman and Company. стр. 369. ISBN 0-7167-2600-9.