Крајот на љубовната врска (филм)

Крајот на љубовната врска (англиски: The end of the affair) - американско-британски филм од 1999 година, во режија на Нил Џордан, кој е автор и на сценариото, засновано врз истоимениот роман на британскиот писател Греам Грин од 1951 година. Главните улоги ги толкуваат: Ралф Фајнс, Џулиен Мур, Стивен Риа. Филмот бил номиниран за „Оскар“ во две категории (најдобра глумица и најдобра фотографија), а Џордан ја освоил наградата БАФТА за надобро сценарио.[1]

Синопсис

уреди

Една дождлива вечер, во Лондон, 1946 година, Бендрикс (го игра Фајнс) случајно го среќава Хенри Мајлс, сопругот на својата поранешна љубовница Сара (ја игра Мур), која две години претходно наеднаш ја прекинала нивната љубовна врска. По оваа средба, Бендрикс повторно станува заинтересиран за Сара, а потоа кај него се раѓа љубомора и тој повторно се враќа во нејзиниот живот...

Наводи

уреди