Краткиот втор живот на Бри Танер

Краткиот втор живот на Бри Танер (англиски: The Short Second Life of Bree Tanner) е попратен роман на филмскиот серијал „Самрак“, дело на писателката Стефани Маер. Тоа е приказна на новородената вампирка, Бри Танер, која се појавува во третиот дел од серијалот, „Замрачување“. Книгата е напишана од гледна точка на Бри, како контраст на останатиот дел од серијалот, кој е напишан од перспектива на протагонистот Бела Свон. Маер им дозволила на режисерот Дејвид Слејд, сценаристката Мелиса Росенберг и на неколку од глумците да прочитаат извадок од приказната за време на продукцијата на „Самрак сагата: Затемнување“.

Краткиот втор живот на Бри Танер
Корицата на книгата
АвторСтефани Мајер
Изворен насловThe Short Second Life of Bree Tanner
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалСамрак
ЖанрМладинско-возрасна, фантазија, хорор
ИздавачAtom
Издадена
5 јуни, 2010
Страници 192

Резиме

уреди

Приказната го раскажува животот на Бри Танер и новосоздадените вампири, претворени од страна на Викторија, со цел да ја убијат Бела. Бри се спријателува со Диего, друг вампир од групата, бидејќи и двајцата се чувствуваат дека се искористени и имаат сомнежи за вистинските намери на нивниот водач, а исто така, нејзината визија е поинаква и помалку крвава од другите новородени вампири. Диего мистериозно исчезнува, оставајќи ја Бри дури уште позбунета и недоверлива. За тоа време, Бри се спријателува со Рили, вампир-отпадник поради неговата моќ да ослободи ужасна миризба што ги вознемирува другите новородени. Тој ќе ја убеди Бри да учествува во битката, водејќи ја во ужасен крај во рацете на Волтурите, што се дознава преку приказната во „Затемнување“.