Кралицата (слика)
Кралицата или Сопругата на кралот — слика од масло на платно од почетокот на 1896 година од Пол Гоген, сега во музејот Пушкин во Москва. Сликата позната е и како Жена со манго, Жена под дрво од манго или Te arii vahine (насловот на тахитски јазик насликан долу десно во делото).
Направена е на Тахити, а Гоген му напишал писмо на својот пријател Даниел Монфројд во Парил 1896 година „Само што завршив една слика…, која ја сметам за многу поуспешна од претходната: гола кралица лежи на зелен тепих, слуга бере овошје., двајца старци во близина на поголемо дрво разговараат за дрвото на знаењето; во длабочините на морскиот брег. Ми се чини дека во однос на бојата никогаш не сум создал ниту една работа со толку силна свечена звучност. Дрвјата цветаат, кучето чува, десно гукаат два гулаби. Но, која е поентата да се испрати оваа слика кога веќе има толку многу други кои не се на продажба и предизвикуваат стен? Ова ќе предизвика уште погласен стен“.[1]
Монфројд ја чувал сликата се додека не била купена во август 1903 година за 1.100 франци од Густав Фаје. Веста за смртта на Гоген во април 1903 година сè уште не стигнала до Монфројд, па тој му испратил писмо во кое го информирал дека сликата е продадена, но писмото било вратено неотворено и со ознака „починат“. Фаје, Гоген и Монфројд сите ја сметале сликата за една од најдобрите на уметникот,[2] под големо влијание на сликата Олимпија на Мане, од која Гоген направил копија (сега во приватна колекција)[3] и ја однел репордукцијата на Тахити.[2]
Наводи
уреди- ↑ (на руски) Поль Гоген. Письма. Ноа Ноа / Пер. с франц. Н. Я. Рыковой; сост., вступ. статья, примеч и общ. Ред. А. С. Кантор-Гуковской. — Л.: Искусство, 1972. — 256 page, p. 74
- ↑ 2,0 2,1 (на руски) Бессонова М. А., Георгиевская Е. Б. Франция второй половины XIX — XX века. Собрание живописи / Государственный музей изобразительных искусств имени А. С. Пушкина. — М.: Красная площадь, 2001. — 399 с. — ISBN 5-900743-58-6, p. 75
- ↑ Wildenstein G., Gauguin. I. Catalogue. — Paris, 1964. — 283 pages, p.160