Олимпија (Мане)
Олимпија (француски: Olimpia) — слика, масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане првпат изложена во 1965 година, а создадена во 1963. Таа денес е изложена во Музеј Орсе во Париз[1].
![]() | |
Творец | Едуар Мане |
---|---|
Година | 1863 |
Димензии | 130,5 см × 190 см |
Место | Музеј Орсе, Париз |
Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Мане. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, оваа слика е една од најпровокативните и колористички најделикатните [2].
Опис
уредиСликата е доста специфична - ги следи поуките од минатите сликарски правци особено моделите и актовите на Тицијан Џорџоне, Енгр. На сликата е претставен женски акт, зад неа е слугинката која и носи платно со вез, Според многу елементи, актот е на жена - проститутка, намерно и провокативно поставена, како контрапункт на неговите сликарски извори од минатото кои женското тело го претставувале и го опишувале со одреден митолошки па дури и со теолошки контекст.[3].
Стил
уредиСликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем импресионистички автор. Чувство за атмосфера. Еден вид дводимензионалност и намерно избегнување на студен реализам. Настојување на доминантно и провидно присуство на светлината која ја обликува композицијата и мотивите особено во белата драперија - на чаршафите од канабето како и во осветленоста на женското тело Поетско чувство за севкупниот амбиент - сензуалност, достоинственост, наративна таинственост[4].
Техника на сликање
уредиМане бил еден од пионерите на импресионизмот. Сликата тогаш од официјалната јавност била нај негативно оценета, поради скандалозната провокативност и поради расчистувањето на начинот на сликање на женски акт во спротивност со дотогашните пристапи и принципи. Мане употребувал широки, брзи потези на места намерно оставајќи структура и видливост на линиите од самите четки особено во позадината. Додека во предниот план на одреден начин сликал со светлината, создавајќо чувство за прозрачност, леснотија, колористичка чистина. Всушност во тоа била и севкупната ликовна и естетска поента на авторот. Избегнувајќи го тривијалното, лажно реалистичко и академско сликарство, тој ги надминува стереотипите и тргнува по патот на директното, на снажното и искреното ликовно изразување, подалеку од малограѓанското и декоративно, патетично прифаќање на сликарството. Мане инсистира на специфична употреба на светло темното, односно посебната претстава на светлината, што зборува дека користел директно поставување на бојата без рационално инсистирање да ја дофати реалистичката состојба на виденото и доживеаното. Тој е директен и скоро натуралистички прецизен во импресијата на неговата ликовна постапка.[5].
Влијание
уредиКако и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Иако неговата слава и признание дошле подоцна, неговата ликовна заслуга е откриена малку подоцна, сепак, денес во многу сегменти, неговата ликовна постапка и порака е интензивно присутна. Поетиката, мислата, постапката, третманот на светлината, се во принцип, сликарско револуционерни и доста храбри. Тој ја најавува епохата или состојбата на вистинското сликарство од кое понатаму немало враќање, тоа е импресионизмот кои дефинитивно ќе расчисти со сите лажни, допадливи и често извештачени реалистички претстави кои биле плитки, декоративни и кои во суштина безидејни во својот маниризам. Сликата и сликарството на Мане ќе биде пресвртницата и патоказот по кој подоцна тргнале инспирирани и поучени од целата негова провокативна шокантност, особено, ова дело е најдиректно поврзано со многу реализации на делата од Пабло Пикасо[6].
Литература
уреди- Ross King. The Judgment of Paris: The Revolutionary Decade that Gave the World Impressionism. New York: Waller & Company, 2006 ISBN 0-8027-1466-8. See pages 105–108.
- Eunice Lipton. Alias Olympia: A Woman's Search for Manet's Notorious Model & Her Own Desire. Ithaca: Cornell University Press, 1999. ISBN 0-8014-8609-2
- V.R. Main. A Woman With No Clothes On. London: Delancey Press, 2008 ISBN 978-0-9539119-7-4.
Надворешни врски
уредиEdouard Manet's Olympia From Smarthistory |
„Олимпија (Мане)“ на Ризницата ? |
- Olympia Архивирано на 27 февруари 2021 г. at the Musée d'Orsay
- Phylis A. Floyd, The Puzzle of Olympia Архивирано на 18 ноември 2017 г.
- Seibert, Margaret Mary Armbrust. A Biography of Victorine-Louise Meurent and Her Role in the Art of Édouard Manet. Diss. The Ohio State University, 1986.